Данска разбира дека САД имаат безбедносни интереси на Арктикот и е подготвена да разговара за тоа со администрацијата на новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, изјави денеска шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен.
На прес-конференција во Ерусалим, Расмунсен рече дека Данска е подготвена да ги продолжи разговорите со Трамп, во тесна соработка со Гренланд, со цел да се осигураат легитимните американски интереси, пренесоа британските медиуми.
Трамп во јануари изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд, најголемиот остров на светот што е автономна данска територија.
Претходно, во 2019 година, за време на првиот претседателски мандат, Трамп посочи дека има намера САД да го купат Гренланд, но сега отиде чекор понатаму, не исклучувајќи ја употребата на економска и воена сила за преземање на територијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
