Договорот меѓу САД и Иран сè уште не е официјално потпишан, но во Вашингтон веќе се отвора друго прашање, – дали Техеран навистина ќе ги исполни обврските што треба да ги преземе.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека претседателот Доналд Трамп би можел да го објави прелиминарниот договор уште пред церемонијата за потпишување, која според најавите треба да се одржи в петок.
Според Венс, меморандумот е краток документ од околу страница и пол кој ги поставува основните правила за понатамошните преговори.
– Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ – изјави Ди Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде дека за повеќе прашања ќе биде потребно решение да се бара во фазата на техничките преговори.
Во интервју за телевизијата „Ен-Би-Си“, Венс истакна дека на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „безусловно“ ќе треба да им биде дозволено да се вратат во Иран, како дел од евентуалниот иден договор.
Според него, еден од клучните елементи на договорот е МААЕ и САД да му помогнат на Иран да ги уништи своите резерви на високо збогатен ураниум што, како што рече, е јасно наведено во меморандумот за разбирање што двете страни веќе го усогласиле.
Меѓу клучните точки се обврската на Иран да не развива нуклеарно оружје, да придонесе за регионална стабилност и да го прекине финансирањето на организации што Вашингтон ги смета за терористички.
Договорот предвидува и продолжување на прекинот на огнот за дополнителни 60 дена, период во кој треба да се договорат техничките детали на конечната спогодба
Во меѓувреме, американски медиуми објавија дека директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на затворени состаноци изразил сомнежи дека Иран ќе ги прифати сите нуклеарни ограничувања што ги бара Вашингтон.
Според информациите на „Аксиос“, Ратклиф и државниот секретар Марко Рубио предупредиле дека разузнавачките податоци не се совпаѓаат целосно со пораките што Иран ги испраќа преку преговарачите.
Наводно, американските служби пресретнале информации кои укажуваат дека иранските претставници внатрешно го толкуваат договорот поинаку од она што им го претставуваат на посредниците и на американската администрација.
Од друга страна, Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер биле меѓу поддржувачите на договорот.
Трамп претходно изјави дека договорот веќе е потпишан во прелиминарна форма и дека претставува важен чекор кон намалување на тензиите.
Според најавите, техничките разговори за иранската нуклеарна програма треба да продолжат во наредните недели, додека олеснувањето на санкциите ќе зависи од тоа дали Техеран ќе ги исполни преземените обврски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
