Човечко невнимание, можеби само еден фрлен отпушок, е меѓу можните причини за катастрофалниот пожар кај Омиш. Точниот одговор сепак треба да го даде полициската истрага.
– Полицијата ќе ја утврди точната причина, но според нашето искуство, најчесто станува збор за фрлен предмет што гори, како што е опушок од цигара – изјави Томислав Ресман, заменик-командант на Јавната противпожарна служба на Загреб.
Како можни причини ги наведе и искрите од далноводи, невнимателното користење скара, како и искри при сечење, брусење или заварување.
Хрватски Индекс пишува дека градот полека се враќа во нормала. Мештаните сè уште се под стрес, пожарот сè уште гори на ридот зафаќајки нови делови, но некои од кафулињата почнуваат да се полнат, а луѓето пливаат на плажата.
Репортер на „Индекс“ од Омиш вели дека е неверојатно колку многу било спасено во ноќните часови и денеска со оглед на силината на пожарот.
Пожарникарските авиони попладнево повторно дејствуваа над пожариштето. Хрватските воздухопловни сили се вклучени во гаснењето, а пожарот од синоќа остави огромна изгорена површина зад себе.
Огнот избувна околу 20.15 часот кај Локва Рогозница. Силниот ветер го турна кон Омиш, а пламените јазици стигнаа до подрачјето над градот и загрозија куќи.
Пожарот досега зафати околу 900 хектари. Изгореа и беа оштетени куќи, автомобили и други објекти, а дел од жителите и од туристите беа евакуирани.
Меѓу пациентите на респиратор е и 17-годишна малолетничка. Кај дел од најтешко повредените изгорениците зафаќаат од 15 до 60 проценти од телото.
Меѓу повредените има претежно хрватски државјани, но и двајца странци, еден Германец и еден Полјак.
Хрватската полиција денеска околу 13.30 часот пронајде тело на едно лице при увидот на пожариштето во Омиш.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
