Честитките за независноста на Косово биле навремено испратени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ДУИ уште еднаш се обиде да ги измами Албанците, но нивната пропаганда беше уништена со факти! Нивните неосновани обвинувања за честитање на независноста на Косово беа отфрлени од Кабинетот на претседателката на државата, кое потврди дека честитката е испратена на 16 февруари, информираше Вреди преку соопштение.

Исто така, наведено е таму, честитки упатија и вицепремиерите на Вреди, Изет Меџити и Арбен Фетаи, кои уште еднаш ја покажаа институционалната посветеност кон Косово.

„Ваквата постапка на ДУИ не е ниту прва ниту последна во нивната позната стратегија за користење на дезинформациите како политичка алатка. Партијата која две децении ја узурпираше власта на штета на албанските граѓани и на сите граѓани на Северна Македонија, сега се обидува да создаде залудни конфликти и да го одвлече вниманието на јавноста од своите спектакуларни неуспеси во сите области. ДУИ докажа дека нема политичка култура и не може да понуди визија за иднината на државата. Секојдневно пред граѓаните се разобличуваат нивните лаги и манипулации кои го покажуваат вистинското лице на оваа истрошена партија. Вреди ги повикува граѓаните да не станат плен на пропагандата на партијата која го изгубила целиот кредибилитет. Време е за чесно и за одговорно владеење, далеку од измами и сценарија измислени за тесни политички интереси. Коалицијата Вреди останува посветена на чиста, транспарентна политика фокусирана на доброто на граѓаните“, наведено е во соопштението.

Share This Article