Чешкиот претседател за изјавите на Трамп

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Чешкиот претседател Петр Павел денеска изјави дека засега нема потреба да се реагира на контроверзните изјави на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи уште пред неговиот прв мандат во Белата куќа, тој „пушташе пробни балони за да види реакции“.

Павел рече дека кон изјавите на Трамп за можното заземање на данскиот Гренланд и Панамскиот Канал, анексијата на Канада и барањето членките на НАТО да издвојуваат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) годишно за одбраната „треба да се пристапи мирно“.

– Трамп сега е во еден вид заштитено пробно меѓувреме каде може да тестира како другите земји ќе реагираат на неговите изјави. Се разбира, не треба само да одмавнеме со рака, бидејќи тоа сепак се изјави на избран претседател. Да ја почекаме инаугурацијата, да видиме како ќе изгледа новата администрација и како ќе формулираат конкретна политика. Дури тогаш можеме сериозно да зборуваме за изјавите – изјави Павел за чешкиот јавен сервис Радиожурнал.

Павел изрази надеж дека враќањето на Трамп во Белата куќа може да резултира со мировен предлог за Украина, бидејќи постои подготвеност меѓу следниот американски претседател и рускиот лидер Владимир Путин да се сретнат.

– Факт е дека и двете страни се уморни од војната во Украина, вклучително и оние земји кои ги поддржуваат. Инаугурацијата на новиот американски претседател би можела да биде одреден симбол, психолошка пресвртница, можеби за Владимир Путин. Можеби и за Кина која би требало да биде дел од решението – рече Павел.

Чешкиот претседател предупреди дека, ако подготвеноста на Трамп и Путин да се сретнат вроди со плод, мировниот предлог можеби нема да им се допадне на сите.

– Во секој случај, ако има некаков предлог за кој може да се разговара, тоа е подобро од ништо, што го имаме сега. Нашата цел треба да биде Украина да учествува во сите преговори. Затоа што преговарањето за мир за Украина без неа навистина нема смисла – додаде Павел.

Share This Article