Германија ќе додели дополнителни 300 милиони евра помош за Сирија, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок пред донаторската конференција во Брисел.
„За оваа огромна задача, Германија ќе им обезбеди на ОН и на различни организации дополнителни 300 милиони евра помош за мировниот процес и за сирискиот народ и регионот“, рече германскиот министер пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ).
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и донаторска конференција за Сирија во организација на ЕУ.