Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена.
Дара настапи со песната Бангаранга и победи со гласовите од жирито и гласовите од публиката, а второ и трето место освоија претставниците на Израел и на Австрија.
Бугарија годинава се врати на Евровизискиот натпревар и веднаш победи благодарение на 27-годишната пејачка Дара.
Дара чие вистинско име е Дарина Јотова, е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното уметничко училиште. Таа почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.
Пошироката јавност ја запознала во 2015 година во бугарската верзија на шоуто „X Factor“, по што нејзината кариера тргнала нагоре. Деби синглот „K’vo ne chu“ многу брзо завршил на врвот на музичките листи, проследен од хитови како „Thunder“, „Call Me“ и „Mr Rover“.
Низ годините, таа освоила бројни музички награди, распродала концерти и собрала милиони прегледи на социјалните мрежи. Таа била и најмладиот ментор во шоуто „The Voice of Bulgaria“, а минатата година настапила како предгрупа за Роби Вилијамс на концерт во Софија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
