Кралот Чарлс и сер Елтон Џон приредија необично изненадување за љубителите на британското кралско семејство и музиката. Двајцата тајно снимиле специјална едночасовна емисија за радиопроектот „Rocket Hour“ на Елтон Џон, која беше емитувана на 14 ноември, на 78. роденден на британскиот монарх.
Снимањето се одржало уште во октомври, во новите студија на „Епл мјузик“, а средбата била поврзана со 50-годишнината од хуманитарната организација „The King’s Trust, основана од Чарлс во 1976 година.
Организацијата им помага на младите луѓе кои се соочуваат со тешки животни околности да добијат образование, вработување или да започнат сопствен бизнис.
Во емисијата Чарлс и Елтон избираат музика од различни генерации и се потсетуваат на изведувачите кои низ годините настапувале на настани за поддршка на организацијата. Меѓу песните што ги избрале се „Feeling Good“ во изведба на „Мјуз“, „Joy“ на Реј и „Hairdresser“ на Скај Њуман. Кралот објаснил дека музиката отсекогаш била важен дел од работата на организацијата и дека сакал да ги претстави и поискусните музичари и новите таленти на кои им помогнале.
Елтон Џон, кој со децении ја поддржува организацијата, му рекол на кралот дека разговорот уште повеќе го потсетил на значењето на неговата работа во изминатите 50 години. Чарлс, пак, истакнал дека најважно му било да инвестира во иднината, особено во талентот на младите луѓе. Двајцата се пошегуваа и на сметка на своите години, споредувајќи се со гостите на емисијата „Антиквитети на пат“ (Antiques Roadshow).
Тајното снимање и необичното појавување на кралот во модерно радио-студио се дел од темите и во најновата епизода на подкастот „Talking Royals“ на „ИТВ њуз“, во која новинарите Чарлин Вајт, Крис Шип и Лизи Робинсон ги анализираат актуелните случувања во кралското семејство.
Во истата епизода тие се осврнуваат и на Меган Маркл и принцот Хари, кои на 10 ноември се појавија во Брисел, на отворањето на спомен-инсталацијата „Lost Screen Memorial“, посветена на децата и младите чии животи биле загубени поради штетите од интернетот и социјалните мрежи. Тоа беше првото јавно појавување на Меган по апсењето на нејзиниот татко Томас Маркл во Флорида, под обвинение за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца.
Подкастот се осврнува и на најновото издание на списанието „Кантри лајф“, кое принцот Вилијам го уредувал како гостин, а во кое се објавени и интересни детали за кралското семејство, меѓу нив и цртеж на птица водомар од принцот Џорџ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
