Background

Брисел со четири очи ќе го следи разговорот на Маск со лидерката на АфД

Тим од 150 претставници на Европската комисија во Брисел и во Севилја вечерва во 19 часот заедно со целата европска јавност ќе го следат интервјуто кое американскиот техномилијардер Илон Маск ќе го спроведе со контроверзната Алиса Вајдл, лидерка на екстремната германска десница Алтернатива за Германија.

Технолошките регулатори ги интересира дали Икс потенцијално ќе го измени алгоритмот за гледаност на преносот во живо во корист на Вајдл, на пример, со зголемувањето на видливоста на содржината или пак со да ја намали видливоста на содржината на нејзините ривали, пишува бриселски Политико.

Што ќе се случи ако ЕУ го казни Икс по најавеното интервју на Маск и Вајлд? Тоа би предизвикало дипломатска војна со претстојната американска администрација на Доналд Трамп, на кого Маск му е близок советник.

- Advertisement -
Ad image

На крајот, одлуката дали ќе се делува ќе се носи на политичко ниво, на самиот врв на Комисијата, пренесува Политико.

Дали Маск може да влијае на исходот на претстојните германски парламентарни избори најавени за 23 февруари? Германските аналитичари веќе пишуваа дека ЕУ нема начин како да се справи со зачестените коментари на техномилијардерот кој не ги крие своите симпатии кон десницата во повеќе европски земји.

Тимот исто така ќе биде овластен да ги посети канцелариите на Икс за време на истрагата и да бара пристап до неговиот алгоритам доколку утврди дека се прекршени правилата на ЕУ од законот за технологија. Доказите собрани во четвртокот навечер би можеле да го поддржат судскиот случај кој ЕУ го покрена против Икс, поранешен Твитер, минатиот јуни.

Самопрогласениот апсолутист на слободниот говор, Илон Маск, повеќепати ја поддржа германската екстремна десница, го нарече доскорешниот германски канцелар будала и сè повеќе ја коментира европската политика. Тој исто така го нарече актуелниот британски премиер Кир Стармер тиранин и, според „Фајненшл тајмс“ тајно разговара за начин Стармер да биде сменет од функцијата.

Францускиот лидер Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и неколку челници во Европа веќе го прозваа Маск за неговите коментари. Макрон му порача на Маск да ги тргне своите раце од Унијата и дека нема да молчи за ситуацијата иако Франција ќе соработува со новиот американски претседател Доналд Трамп.

Извршниот заменик-претседател на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен и нејзиниот колега Мајкл Мекграт им рекоа на пратениците дека Комисијата планира „енергично да напредува во овој случај“ и „да донесе заклучок што е можно поскоро.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation