Background

Брисел предлага силни механизми против назадување

Европската комисија предлага нов модел за идното проширување на Европската Унија, кој за земјите-кандидатки, меѓу нив и Македонија, отвора можност за постепена интеграција уште пред полноправното членство.

Комисијата се определила за овој модел откако земјите-членки не ја прифатиле идејата за таканаречено „обратно членство“, според која кандидатот побрзо би станал формална членка на ЕУ, но дел од правата и придобивките би ги добивал подоцна, по исполнувањето на сите услови.

Во нов документ, Брисел сега предлага помалку простор за блокади во текот на преговорите и посилни механизми против назадување откако една земја ќе стане членка.

- Advertisement -
Ad image

Новите насоки се содржани во документот „Подготовки за поширока Унија“, кој Европската комисија го објави денеска како предлог за дискусија за идното проширување.

Според предложениот модел, земјите-кандидатки би можеле да учествуваат во одредени политики на ЕУ пред формално да станат членки. Услов е претходно да ги исполнат критериумите за конкретната област.

Интеграција и построги правила за вето

Новиот предлог ја менува старата логика на „обратно членство“. Наместо брзо формално членство со ограничени права, кандидатите би се интегрирале постепено додека сè уште преговараат.

ЕК предлага промена и на начинот на кој се носат дел од одлуките во пристапниот процес.

Отворањето преговарачки кластери, затворањето поглавја и други меѓучекори би можеле да се одобруваат со квалификувано мнозинство. Тоа би го намалило просторот една земја-членка сама да блокира дел од текот на преговорите.

Едногласноста, сепак, не исчезнува. Таа и натаму би била неопходна за завршувањето на процесот и за приемот на новата членка.

Документот предлага и новите членки однапред да се обврзат дека нема да го користат ветото врз идното проширување поради билатерални спорови. Тоа правило би се однесувало на земјите откако ќе станат членки на Унијата.

Брза интеграција, но со продолжена контрола

Полесното интегрирање би било придружено со посилни механизми за заштита на Унијата доколку новопримената членка подоцна отстапи од преземените обврски.

ЕК предлага таквите механизми да бидат вградени во идните договори за пристапување. Тие би можеле да се активираат ако нова членка назадува во демократските стандарди или ги прекршува основните принципи и вредности на ЕУ.

Во најсериозните случаи би можело да биде суспендирано и нејзиното право на глас.

Посебни заштитни мерки се предвидуваат во три области: економијата, внатрешниот пазар и правдата и внатрешните работи.

Слични механизми постоеле и во претходните договори за пристапување, но можеле да се активираат најмногу три години по приемот. Според извори од Европската комисија, сега се разгледува тој период да биде продолжен на 10, па дури и на 15 години.

Дополнително се предлага нов механизам за случаи на сериозно прекршување на основните европски вредности и на принципот на искрена соработка. За негово активирање не би била неопходна согласност од сите земји-членки.

Oграничени субвенции за Украина

Новиот документ доаѓа пред објавувањето на Пакетот за проширување на ЕУ за 2026 година, најавен за 28 октомври. Во него Европската комисија ќе ги претстави извештаите за напредокот на земјите-кандидатки.

Посебни планови со пробни рокови за различните фази од пристапувањето се подготвуваат за четирите кандидати кои во моментов се најнапред во процесот: Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, под услов да го задржат реформскиот моментум.

За Украина се предлага и посебен пристап во земјоделството. Таа би имала ограничени земјоделски субвенции и ограничен пристап за чувствителни земјоделски производи, со цел да се заштитат производителите во земји како Франција и Полска.

Предложените промени во методата, доколку бидат прифатени од земјите-членки, би се однесувале и на идниот тек на македонскиот пристапен процес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖