Градоначалникот Кирил Пецаков по повод најголемиот христијански празник Божик, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството, како и до сите православни верници од Охрид и Македонија.
Божиќ е празник на семејството, празник на среќата. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни , да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено.
Вербата во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме сите препреки.
Вечерва, спокојно во мир и хармонија, со љубов и радост да ја слушнеме убавата вест за раѓањето на нашиот спасител Исус.
Со верба во Бога, чиста мисла, посветеност и многу труд, зачекоруваме во деновите што се пред и ќе направиме уште повеќе за нови радости и напредок на нашиот убав Охрид.
Да сте ми живи и здрави, среќни и весели Божикни празници!