Background

Боледувањето што го даваат матичните лекари се намалува од 7 на 5 дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата и измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека парите што ги исплаќаат стигнуваат до оние на кои им се најпотребни и за да се зајакнат механизмите против потенцијална злоупотреба на боледувањата.

– Не сакаме да направиме систем којшто е построг, туку сакаме да направиме систем којшто е правичен. Не ги менуваме правилата за да го ограничиме боледувањето. Ги менуваме за да направиме јасна разлика меѓу право кое мора да биде заштитено и злоупотреба која не смее да биде платена од парите на осигурениците. Правиме систем кој е поедноставен за оправданите случаи, а построг таму каде што има злоупотреба – рече Перински.

​Според податоците што ги соопшти, во текот на август Фондот исплатил над 623 милиони денари за боледувања (10 милиони евра), од кои 414 милиони денари се издвоени за породилни отсуства, а преостанатиот дел за други боледувања.

- Advertisement -
Ad image

​- За мене и за вработените во Фондот ова не се само ставки во рамки на буџетот, туку обврски коишто ние како Фонд сме должни да ги испорачаме кон оние коишто имаат потреба. Но, истовремено, мораме да бидеме и одговорни кон системот со којшто управуваме. Кога ќе кажеме бројка од 623 милиони денари исплатени само по основ на боледување, јасно е дека мора да имаме јасно воспоставени правила и механизми во делот на контролата – истакна тој.

​Една од клучните измени што ќе се бараат од Управниот одбор е намалување на деновите за боледување кои може да ги издаде матичниот лекар врз основа на медицинска проценка, без примена на утврдените критериуми, од сегашните 7, на 5 дена.

Предложените решенија предвидуваат избраниот лекар, , наместо сегашните седум дена. Се прошируваат и прецизираат случаите во кои боледувањето може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, се доуредуваат надлежностите на лекарските комисии и се воведува поголема дигитализација преку електронска евиденција и документација

​- Сметаме дека 5 дена ќе бидат доволни за дообезбедување на дополнителна анамнеза или за продолжување на боледувањето. Се олеснува постапката за издавање боледување за оние лица кои не се во можност да дојдат со физичко присуство да го обезбедат боледувањето. Во делот на контролата, воспоставуваме механизми за заедничка контрола со останатите чинители во рамки на системот, како Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, со цел вработените во рамки на секторот контрола да можат посоодветно да ги извршуваат своите контроли – појасни Перински.

​Тој додаде дека контроли ќе се вршат по пријава на работодавачите, но и по случаен избор. Доколку контролорот не го најде осигуреникот дома, ќе биде оставен документ со кој лицето се упатува да се јави пред лекарска комисија и да даде образложение, а за тоа ќе биде известен и работодавачот.

Перински информираше дека во изминатиот период се утврдени неправилности кај околу 30 проценти од истражуваниот примерок со земени боледувања во МВР, при што се изречени парични казни, а при крај е и анализата за боледувањата во Министерството за одбрана. Тој посочи дека злоупотреби сè почесто се евидентираат и во приватниот сектор.

​- Повторно ќе кажам, темата боледување и породилни отсуства секогаш е сензитивна во јавноста и нам не ни е идејата да ги спречиме правата на боледување, туку да спречиме злоупотреба во рамки на искористување на боледувањето, заради тоа што Фондот за здравствено осигурување за 2026 година во рамки на својот буџет има предвидено 6 милијарди и 454 милиони денари средства што се наменети за боледувања и породилни отсуства. Тоа е значителна сума и во таа насока мораме да го затегнеме системот на контрола – порача тој.

Перински истакна мерката за овозможување до 6 ин витро обиди веќе дава резултати. Од над 1.880 обиди, 237 се однесуваат на четврти, петти или шести обид.

​- Во моментот анализираме градација на финансискиот пакет којшто го даваме за еден обид. Медицински тимови работат на утврдување на поиндивидуализиран пристап во делот на издавање на ваучерот за биолошки потпомогнато оплодување во делот на првиот, вториот или третиот обид, сè со цел да го зголемиме процентот на можност во првите обиди да имаме позитивен исход од целата процедура. Ова се планови коишто планираме да ги ефектуираме од 2027 година, но за да бидеме сигурни дека ќе имаме и финансиска конструкција, а секако и медицински да имаме поддршка за ова, сепак, ќе ни треба уште некој период да го доработиме – истакна Перински.

​Како дополнителна олеснувачка новина за пациентите, Фондот ќе предложи промена на важењето на рецептите издадени од дежурните служби. Наместо досегашното правило рецептот да се реализира истиот ден до полноќ, ќе се бара рокот да се продолжи на 24 часа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation