Бислимовски се согласува да им се помогне, но бара и тие да ја зголемат ефикасноста

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На комуналните претпријатија треба да им се помогне, но и тие треба да ја подобрат ефикасноста на работењето и да ги оптимизираат трошоците, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Деведесет јавни комунални претпријатија, преку нивното здружение АДКОМ вчера со дописи до Владата, до РКЕ и до Министерство за енергетика побараа повластена цена на електричната енергија. Тие бараат да плаќаат 62 евра за мегават час, колку што е цената за домаќинствата, а одговорот на ова барање се чека од Владата.

Бислимовски напомена дека помошта за прептријатијата треба да се дефинира на соодветен начин, за да не се предизвикаат проблеми во работата на ЕСМ и во цените не електричната енергија.

– Најголем дел од комуналните претпријатија согласно постојниот и новиот Закон за енергетика мора да купуваат електрична енергија на слободниот пазар. Дали ЕСМ ќе може да продава по 62 евра за мегават час, треба да се процени како тоа ќе влијае на ликвидноста на компанијата. Во изминатиот период голем број вододоводни претпријатија, и од поголемите и од помалите општини, добија предлог цени од РКЕ и ние во нив ги признавме нивните реални трошоци за струја на слободниот пазар. Тие имаа две исклучително тешки години, 2021 и 2022 година, факт е дека имаат акумулирани загуби и треба да се најде начин да се помогне. Имаше период кога добиваа цена од ЕСМ по 80 – 90 евра за мегават час – рече Бислимовски во гостување на ТВ Сител.

Јавните претпријатија сметаат дека во интерес на нивната ликвидност и во интерес на граѓаните е да плаќаат струја по единствена цена за киловат час.

„За нормално функционирање и снабдување со електрична енергија бараме ЈКП да склучуваат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ по цената по која ЕСМ Продажба ја продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија и која служи за снабдуванье на населението, односно домаќинствата и малите потрошувачи“, се наведува во барањето на АДКОМ.

Од Владата велат дека се бара решение.

„Како Влада сме свесни за состојбите и во овој момент е формирана балансна група која треба да го изнајде најдоброто решение. Штом се постигне согласност од сите засегнати страни кои се вклучени во овој процес, Владата ќе ја информира јавноста“, велат од Владата.

Јавните комунални претпријатија очекуваат надлежните да ја разберат неопходноста и итноста на носење на ваква одлука.

- Advertisement -
Ad image

„Енергетската криза во 2022 година предизвика хаос, отежнување на работата и затвораье на многу препријатија. Јавните комунални претпријатија и покрај сите потешкотии и загуби кои беа направени во тој период до денес, остануваат да работат во интерес на граѓаните. До кога, не се знае“, се вели во соопштението од АДКОМ.

Помалку од 10% од струјата што ја трошат претпријатијата отпаѓа на административни објекти, а повеке од 90% е за работењето на пумпните станици за питка вода, за атмосферските и фекалните пумпни станици и за пречистителните станици за отпадни води, се вели во соопштението.

 

- Advertisement -
Ad image

„Доколку не се превземат соодветни мерки може да се очекува нередовно водоснабдување на населението и пречистување на отпадните води, што во крајна линија ќе го загрози здравјето на населението во целата држава и ќе предизвика несогледливи еколошки проблеми“, се вели во соопштението од АДКОМ.

Share This Article