Изненадувачкиот настап беше организиран по повод Месецот на гордоста, но и за промоција на нејзиниот нов албум „Confessions II“, кој е продолжение на едно од нејзините најуспешни изданија, албумот Confessions on a Dance Floor од 2005 година.
Публиката уживаше во нејзините изведби на хитови како „Hung Up“ и „I Love New York“, како и во новите песни од нејзиниот претстоен албум.
Но додека многумина ја пофалија за нејзината енергија и самодоверба, имаше и такви кои сметаа дека треба да го промени својот пристап.
– Мадона продолжува да ја тресе сцената. Помладите изведувачи можат само да посакаат таква долговечност – напиша еден корисник. Други ѝ рекоа дека сè уште изгледа како вистинска ѕвезда, но не беа сите воодушевени.
Некои коментираа дека премногу се труди да го одржи имиџот што го имаше во помладите денови.
– Тажно е да се види како очајно се обидува да ја врати младоста – напиша еден, а друг рече:
Некои, исто така, изразија загриженост за самиот потег на сцената, забележувајќи дека ставањето на ногата преку оградата можело да заврши со несреќа. Тие коментираа дека е премногу стара за такви егзибиции, ама ние би рекле – ако може Мик Џегер на 80 години да рипа по два саати на сцена, зошто да не може Мадона?!