Холивудските ѕвезди им доаѓаат на помош на загрозените по шумските пожари кои избувнаа во Лос Анџелес, а потоа го зафатија градот, според последните информации и однесоа најмалку 14 животи. Тие ја донираат својата облека, пари, ги нудат своите куќи за оние кои морале да се евакуираат од ризичните области.
„Го пакувам целиот мој плакар и одам во COOP! Ако живеете во областа Јужна Калифорнија, ве повикувам да го сторите истото“, напиша актерката Хали Бери на Инстаграм.
Таа ја предала облека во продавница во Беверли Хилс, која подарува бесплатна облека.
Актерката потоа изјави:
-Ова е нешто што можеме да го направиме денес за да им помогнеме на сите раселени семејства на кои им требаат основни работи денес.
Хали откри дека нејзината облека била поделена за само три часа, а Мишел Фајфер на ист начин изразила желба да помогне.
Актерката Шерон Стоун ги отвори вратите од својот дом за да им помогне на голем број на оние кои мораа да ги евакуираат своите домови во Лос Анџелес.
Џејми Ли Кертис, која прво помислила дека и изгорела куќата во Санта Моника, а потоа се уверила дека тоа за среќа не е вистина, направила донација од еден милион долари со својот сопруг, режисерот и актер Кристофер Гест, пишува Метро.
-Нашето сакано маало го нема. Домот ни е безбеден. Толку други луѓе изгубија сè. Помогнете каде што можете. Ви благодариме на првите спасувачи и пожарникари – рекла актерката која ги контактирала властите за да дознае каде е најпотребна помош.
На помош дојдоа и Џенифер Гарнер и Меган Маркл и принцот Хари. Голем број познати личности ги загубија своите домови во најтешките пожари во историјата на Лос Анџелес.
Ким, Кортни, Клои, Крис, Кендал, Кајли и Роб Кардашијан беа евакуирани од Лос Анџелес, почитувајќи ја задолжителната наредба, бидејќи пожарот во Кенет брзо се прошири на 1.000 хектари за само неколку часа, пишува ТМЗ.
Тие обезбедија бесплатни оброци за пожарникарите преку ресторанот „Крусел“, познат по либанско-ерменската кујна. Преку нивните фирми, тие им помогнаа на голем број организации кои обезбедуваат помош за изградените области и луѓе во Лос Анџелес.