Background

БЕБЕТО НА ЛЕЈДИ ГАГА ИМА ВЕЌЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ

– Она што навистина го сакам е да бидам мајка. Тоа е мојата следна главна улога.

Овие зборови Лејди Гага ги кажа во октомври минатата година во разговор со водителот Стивен Колбер. Речиси 12 месеци подоцна, таа ја живее желбата за која тогаш зборуваше – стана мајка на своето прво дете со свршеникот Мајкл Полански.

Гага (40) неодамна се повлече од очите на јавноста, а сега новите фотографии покажуваат дека пристигнала во Лос Анџелес со своето бебе. На фотографиите, кои ги објави „Дејли мејл“, поп-ѕвездата излегува од приватен авион, додека го држи детето во раце.

- Advertisement -
Ad image

За ова прво јавно појавување со бебето, Гага е облечена во елегантен мантил, долг фустан и чевли со високи потпетици. Платинестата коса ѝ е совршено средена, па изгледа како вистинска холивудска мајка.

На аеродромот со неа бил и тим од соработници, кои помогнале да се изнесат детското седиште и еден од нејзините француски булдози, од авионот до автомобилот што ги чекал на пистата.

 

Само неколку дена претходно, Гага беше забележана и во Северна Калифорнија, но во многу поопуштено издание – со пижама-панталони и бебето сместено во носилка на градите.

–  Таа е целосно посветена на создавањето семејство и никогаш во животот не била посреќна, бидејќи да стане мајка ѝ беше огромна цел, дури и поголема од тоа да стане успешна музичарка – изјавил извор за „Дејли мејл“.

Според истиот извор, Гага ужива во секој момент и се наоѓа во период од животот што го доживува како остварување на својот сон.

Во последните месеци таа речиси целосно се повлече од јавноста. По завршувањето на нејзината распродадена светска турнеја „Mayhem Ball“ во април, најголемиот дел од времето го минувала во својот нов дом во округот Марин во Калифорнија, вреден 10 милиони долари, каде што наводно, уживала во приватноста со Полански.

Нејзината активност на социјалните мрежи исто така се намали. Наместо фотографии од приватниот живот, во последните месеци најчесто објавува промотивни содржини за својот козметички бренд „Haus Labs“.

– Бебето има неколку месеци и таа веќе некое време е мајка, само што ја чувала веста во тајност – рекол изворот, додавајќи дека тоа ѝ било лесно затоа што поголемиот дел од времето го поминувала во својот приватен дом во Марин.

Според изворот, првите излегувања на Гага со бебето воопшто не биле обид да привлече внимание. Напротив, таа едноставно не сакала да се одвојува од детето.

– Таа никогаш не го остава бебето, освен ако не излезе накратко по некоја работа. Постојано е во собата на бебето бидејќи не сака да пропушти ниту еден момент – рекол изворот додавајќи дека Гага постојано го држи бебето затоа што сака да создаде силна врска со него.

Пејачката, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, наводно, најсреќна е кога е дома. Покрај куќата во Марин, таа поседува и вила во Малибу вредна 22,5 милиони долари.

Сепак, наскоро би можела да отпатува и на Источниот Брег. Според изворот, Гага сака да помине време во Њујорк со своето семејство за тие да го запознаат бебето.

Веста за мајчинството доаѓа по години шпекулации за можна бременост. Гласините особено се засилија во 2024 година, откако Гага и Полански се свршија.

Во текот на летото истата година се појавија снимки од настапот на Гага на свадбата на нејзината сестра Натали Германота во Мејн, по што еден обожавател напиша дека пејачката е бремена и омажена.

Гага тогаш веднаш ги демантираше гласините.

И покрај тоа што долго време ја чуваше приватноста, Гага никогаш не криеше дека сака да стане мајка. Во интервју за „Њујорк тајмс“ во март 2025 година рекла дека е возбудена поради можноста да стане мајка, иако претходно имала „многу стравови“ во врска со тоа.

Сега, според изворот, тие стравови се минато. Тој тврди дека Гага е поблиска со Полански од кога било и дека тој ѝ бил голема поддршка во овој период.

Гага и Полански се запознаа во 2019 година на 40. роденден на технолошкиот претприемач Шон Паркер во Лос Анџелес. Врската ја потврдија јавно на дочекот на Новата година во Лас Вегас, а неколку недели подоцна Гага објави нивна заедничка фотографија.

Полански ја запроси на 1 април 2024 година, додека биле на планинарење.

Иако сега влегува во многу помирна животна фаза, за обожавателите на Гага има една добра вест – мајчинството очигледно нема да значи крај на нејзината музика.

– Гага наскоро повторно ќе прави музика. Таа едноставно не може да не прави музика, бидејќи мозокот постојано ѝ е исполнет со песни и е неверојатно креативна – рекол изворот.

Според него, Гага веќе му напишала приспивни песни на своето бебе и постојано му пее.

– Таа е толку креативна на тој начин. Се разбира, постојано му пее на своето бебе – додал изворот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation