Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена за дочекот на Новата година настапи во белградскиот Сава центар.
Брена на концертот пристигна на патерици откако неодамна го повреди зглобот на концертот во Арена Загреб.
Во текот на концертот Брена седеше на специјално дизајнирано столче, а за новогодишниот концерт се одлучи да облече елегантен долг фустан со светки.
Повредата не ја спречила да создаде позитивна атмосфера меѓу белградската публика и била исклучително расположена во текот на целиот концерт.
Инаку, Брена се повреди на концерт во Загреб поради што заврши на загрепската клиника за трауматологија во Драшковиќева, каде што по концертот заврши на операција.
Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март.