Седумгодишно дете е тешко повредено откако било удрено од автомобил на улицата Стамен Манов во Кочани, информираше полицијата.
Несреќата се случила вчера околу 17:30 часот, кога патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Ј.М. од Кочани, удрило во детето.
Во судирот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.
По несреќата, по наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани. Се утврдуваат околностите под кои се случил настанот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
