Background

Австралиската актерка Руби Роуз открила едно од најтрауматичните искуства од своето детство – на само 15 години била испрашувана од полицијата по смртта на четиригодишно момче, а нејзините соученици ја нарекувале „убиец на бебиња“

Австралиската актерка Руби Роуз открила едно од најтрауматичните искуства од своето детство – на само 15 години била испрашувана од полицијата по смртта на четиригодишно момче, а нејзините соученици ја нарекувале „убиец на бебиња“. Актерката, позната по улогите во „Orange Is the New Black“ и „Batwoman“, за настанот зборува во подкастот „Off the Vine“ со Кејтлин Бристоу.

Роуз раскажува дека била на забава со мајка ѝ, која во тоа време имала уметничка галерија. Таа и нејзината најдобра пријателка излегле надвор за првпат да запалат цигара. Во дворот забележале нешто што на почетокот им изгледало како кукла закачена на детско игралиште.

Кога се приближиле, сфатиле дека станува збор за вистинско дете. Момчето било тешко повредено, а Роуз се обидела да му помогне. Таа го зела во раце и го однела до возрасните, каде што почнале да му даваат прва помош и повикале брза помош.

- Advertisement -
Ad image

Во првиот момент Роуз мислела дека успеала да го спаси. Момчето дишело кога пристигнала помошта, но подоцна во болницата било ставено на апарати и починало од тешките повреди. Роуз раскажала дека потоа добила повик дека состојбата му е многу лоша.

Следниот ден полицијата дошла во нејзиното училиште и ја испрашувала за смртта. Бидејќи токму таа го пронашла детето и немало други сведоци кои можеле веднаш да објаснат што се случило, сомнежот паднал и врз неа. Во училиштето почнале да ја навредуваат и да ја нарекуваат „убиец на бебиња“. Роуз вели дека психички многу тешко го поднела тоа и дека не сакала повеќе да оди на училиште.

Вистината излегла на виделина дури по околу две недели. Постариот брат на момчето, кој имал седум години, првично не можел да се сети што точно се случило. Подоцна му се вратило сеќавањето и им кажал на полицајците дека тој случајно го турнал својот помлад брат на лизгалката. Детето се заглавило, а тој во паника избегал од местото.

 

Роуз објаснила дека момчето во тој момент доживеало епизода на дисоцијативна амнезија, поради која не се сеќавало на трауматичниот настан. Откако се сетило што се случило и им кажало на полицајците, Роуз била целосно ослободена од сомнеж.

И покрај тоа, искуството оставило трага врз неа. Роуз раскажала дека мајката на починатото момче сепак не сакала таа да присуствува на погребот. Актерката вели дека случката подоцна влијаела и врз нејзиниот интерес за психологијата и за начинот на кој функционира човечкиот ум.

Роуз денес има 40 години, а во интервјуто открила дека никогаш целосно не го заборавила тоа искуство. За неа, најтешко ѝ било што додека таа се обидувала да му помогне на детето, луѓето околу неа поверувале дека можеби токму таа е одговорна за неговата смрт.

 

 

Руби Роуз во истото интервју зборувала и за тешкиот однос со нејзиниот покоен татко, како и за нејзиното повлекување од Холивуд по сериозната повреда на ’рбетот што ја доживеала за време на снимањето на серијата „Batwoman“, која се емитуваше на телевизиската мрежа The CW. Насловната улога во оваа серија, ја играше од 2019 до 2020 година.

Меѓународна слава стекнала со хит-серијата на Нетфликс „Orange Is the New Black“, по што следуваа улоги во големи холивудски продукции како „John Wick: Chapter 2“, „The Meg“, „Resident Evil: The Final Chapter“ и „XXX: Return of Xander Cage“.

По години поминати под светлата на Холивуд, Роуз денес води значително поповлечен живот. Се вратила во родната Австралија, каде што живее во руралниот дел на Викторија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖