Од 1 јануари кога Ацо Мартиновиќ го започна својот крвав поход и за 36 минути ги уби членовите на семејството, пријателите, кумовите и нивните деца, Балканот е завиен во црно, објави Телеграф. Полудениот убиец од Цетиње испукал најмалку 37 куршуми во своите жртви…
Имено, на петте локации каде Мартиновиќ убивал невини луѓе, пронајдени се вкупно 37 чаури, девет проектили и 11 делови од проектили.
Манијачниот напад на убиецот од Цетиње траел од 17:21 до 17:57 часот. Почнал во кафеана во Цетиње, каде со пиштол ги убил првите жртви. Само пет минути подоцна, во 17 часот и 26 минути телефонски било пријавено дека имало пукотници во локалот. Според податоците на полицијата, тој од 17.21 до 17.24 часот ги убил Бранислав Мудреша (60), Радомир Марковиќ (70), Милош Мартиновиќ (45), а го ранил М.В роден во 1984 година, А.М., роден 1983 година и Д.К., роден 1985 година.
Истрагата утврдила дека четворицата убиени и тројцата ранети се познавале со Мартиновиќ и дека тој ден сите престојувале во кафаната.
Од прегледот на надзорните камери било утврдено дека, кога патролите се упатиле кон Бајице, Мартиновиќ веќе се упатил кон населбата Хумчи, каде што возел „фиат стило“ и се паркирал пред куќата на настраданите, неговите кумови Мартиновиќ. Прво го убил Јоша Оташевиќ (55) во куќата на кумовите, кој бил во куќата на Марко Мартиновиќ, чиј брат близнак го убил во кафеаната. По Оташевиќ, во дворот од куќата го убил Мартиновиќ и ја ранил сопругата М.М.(45). Ранетата жена со телото успеала да го спаси детето бегајќи од налудничавиот убиец.
Продолжувајќи ја својата убиствена треска, Ацо отишол во родителската куќа на убиените браќа Мартиновиќ и ги убил нивните татко и мајка – Радован (70) и Радмила Мартиновиќ (63). Истражителите го пронашле Радован Мартиновиќ убиен во фотелја во дневната соба, а неговата сопруга во ходникот од куќата…
Полицијата соопшти дека нивните припадници пристигнале на првото место на злосторството во 17 часот и 39 минути – кафеаната Велестово, а шест минути подоцна било пријавено дека во населбата Хумчи е извршено убиство, а една минута подоцна и браќата Вулетиќ биле убиени – деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован. Тие двајца се најмладите невини жртви на масовниот убиец Ацо Мартиновиќ.
Мартиновиќ потоа отишол во Доњи крај и ја убил својата сестра Зорица Вулетиќ. После тоа со часови бегал од полицијата. Тој бил лоциран и опколен во близина на неговиот дом доцна вечерта. Специјалците му наредиле да го фрли оружјето, но Мартиновиќ ги игнорирал. Според полицијата, тој околу 23 часот и 35 минути извадил оружје и си пукал во главата. Починал на пат кон болница.
Да потсетиме, кај Мартиновиќ бил пронајден пиштол со еден куршум во цевката и 10 куршуми во рамката, како и една чаура до него. При увидот во неговиот гардеробер биле пронајдени 64 куршуми и рамка од пиштол во која имало дополнителни 15 куршуми.