Background

Апелациониот суд во Штип соопшти дека ја отфрла мерката куќен притвор за поранешните градоначалници на Кочани Ратко Димитровски и Николчо Илијев

Апелациониот суд во Штип соопшти дека ја отфрла мерката куќен притвор за поранешните градоначалници на Кочани Ратко Димитровски и Николчо Илијев.

Основниот јавен обвинител од Кочани испрати жалба против решението на Основниот суд Кочани со кое на осомничените Димитровски и Илијев мерката притвор им е заменета со куќен притвор и им е определена мерка на претпазливост, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Предметите се примени во Апелациониот суд Штип на 26.03.2025 година во 14.30 часот и по заведувањето и автоматската распределба се доставени во Вишото јавно обвинителство Штип. Предметите се вратени во судот на 27.03.2025 година во 12 часот.

- Advertisement -
Ad image

Предлозите на Вишото јавно обвинителство по однос на поднесените жалби се уредно доставени до странките.

По однос на поднесените жалби Kривичниот совет при Апелационен суд Штип закажал и одржал нејавни седници на 28.03.2025 година.

„Жалбите изјавени од осомничениот Р.Д. од К. преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.1 со кое мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор, се отфрлаат како недозволени“, соопшти Апелација.

Се уважуваат жалбите од Димитровски и од Основниот јавен обвинител од Кочани против решението на Основен суд Кочани за определената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на осомничениот Р.Д.

Се укинува решението на Основниот суд Кочани за мерката за претпазливост и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖