Американската технолошка компанија Оракл (Oracle) го откажа петгодишниот договор за обезбедување компјутерска моќ за кинеската компанија Тенсент (Tencent), проценет на околу 7 милијарди долари, по интервенција на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.
Договорот, кој првично беше потпишан преку петгодишен лизинг, требаше да му овозможи на Тенсент пристап до околу 100.000 напредни чипови за вештачка интелигенција (AI) сместени во дата-центрите на Оракл во Југоисточна Азија.
Според весникот, станува збор за најголемиот договор од ваков вид што Тенсент го склучил во странство, а за кој првпат беше објавено во септември.
Според два извора, американски претставници изразиле загриженост пред Оракл во врска со договорот.
Истовремено, високи функционери од кинеската покраина Гуангдонг, каде што се наоѓа седиштето на Тенсент, ја повикале компанијата да им даде поддршка на домашните производители на чипови, наведува еден од изворите, по што договорот бил откажан.
Преку овој лизинг, Tencent се обидуваше да ги заобиколи строгите американски ограничувања за директен увоз на најнапредните AI чипови (како оние на Nvidia) во Кина, изнајмувајќи компјутерска моќност надвор од кинеска територија.
Американските регулатори и официјални лица изразија сериозна загриженост за националната безбедност и „прикриеното изнајмување“ на технологија. Дополнително, и кинеските власти вршеа притисок врз Tencent да се префрли на домашни кинески чипови (како оние на Хуавеј ).
Иако ваквиот тип на офшор изнајмување на чипови технички сè уште не е целосно забранет со закон, потегот на Вашингтон покажува дека САД можат директно да интервенираат и да поништуваат поединечни договори на големите клауд-провајдери.
Покрај со Тенсент, Оракл има слични активни инфраструктурни соработки во Азија и со други големи кинески компании како што се ByteDance (сопственикот на TikTok) и Alibaba.v
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
