Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги избираше најдобрите пет фудбалери на сите времиња, а потоа сфати дека го заборавил Лионел Меси и се покаја.
Младиот Карлитос одговорил на забавна анкета за време на Индијан Велс, и бил фатен невнимателен, бидејќи подоцна зажалил.
„Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Лука Модриќ, Роналдињо и Нејмар“, рече Карлос.
Инаку, Алкараз е навивач на Реал Мадрид, па изборот на првите тројца беше логичен.
„Не сум го гледал многу, но според она што го слушнав и што го видов на видео“, објасни тој зошто го избрал Роналдињо.
Сепак, набрзо сфатил како го изоставил Меси.
Не ми се верува дека го заборавив Мејси и некои други“, изјави шпанскиот тенисер.
„Сега би можел да именувам уште пет“, рече Алкараз, жалејќи за својот првичен избор.
Инаку, Алкараз беше поразен во полуфиналето на Индијан Велс, изненадувачки од Џек Дрејпер.