Овој експресен пат што денеска го гледате е реален и не е направен со вештачка интелигенција, како што го имаше во одредени пропагандни спотови за време на изборите, па ова е најдобар доказ зошто оваа влада треба и во иднина да биде поддржувана од народот, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски на денешната церемонија за пуштање на употреба на делницата Градско-Дреново.
– За брзо време ќе го отвориме и вториот дел од Дреново до Фариш, каде што има 2 преубави тунели, а понатаму ќе работиме и на изградба на трета лента на Плетвар, па со тоа ќе овозможиме од Скопје до Прилеп да се патува за 60-70 минути. Исто така, знаете дека веќе работиме на автопат Прилеп-Битола, па од Скопје до Битола ќе може да се патува за 90 минути. Честитки, за многу години – истакна Николоски.
Инаку, делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус 1 километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.
Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.
Делот што се пушта во употреба содржи 3 клучки Градско, Росоман, Дреново, 4 вијадукти, 1 мост, 4 натпатници и 3 потпатници.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
