Познатата актерка Шерон Стоун вчера на Инстаграм ги повика своите 4 милиони следбеници да донираат облека во продавницата „Куп“ (Coop), велејќи во објавата дека им требаат користени фармерки, јакни, чевли, капи, ракавици, како и нова долна облека и чорапи, објави Дејли мејл.
Актерката Хали Бери на нејзината објава одговорила: „Тука сум, носам сѐ што имам!“, по што на својот профил го сподели видеото на Шерон Стоун.
„Ќе ја спакувам целата моја гардероба и се упатувам во ‘Куп’! Ако живеете во Јужна Калифорнија, ве повикувам да го сторите истото. Ова е нешто што можеме да го направиме токму сега, денеска, за да им помогнеме на сите раселени семејства на кои им требаат основните работи денес! Ви благодариме, за вашата иницијатива. Те сакам госпоѓо“, напиша таа на својот профил на Инстаграм.
Актерката одговори на голем број коментари на обожавателите, меѓу кои и еден кој праша: „Се надевам дека ги даваат, а не им наплаќаат на луѓето“.
„ТОА Е ДОНАЦИЈА“, одговори Бери, потврдувајќи му на друг следбеник дека облеката може да се испрати и надвор од државата за донација.
Еден уметник, по име Анџелика Пери, исто така коментира: „Многу од членовите на моето семејство ги загубија своите домови, вклучувајќи го и домот на мојата покојна мајка. Го нема“.
Бери одговорила: „О, Боже мој. Многу ми е жал. Господ да ве благослови! Ветувам дека ќе продолжам да барам начини да помогнам“.
Шерон Стоун отиде чекор понатаму и објави дека го отвора својот дом за раселените од пожарите.
– Ги пречекувам пријателите во мојот дом. Сега доаѓаат семејства да се вселат кај нас. Организираме простор за да можеме да им помогнеме на луѓето. Поставуваме кревети и правиме простор во куќата. Ние товариме камиони и носиме сè што имаме во Coop и ги покануваме пријателите да се преселат со нас. Многу луѓе се евакуирани – рече Стоун.
Стоун, исто така, нагласи дека „Куп“ ќе служи како „дистрибутивен центар“ каде што луѓето, погодени од пожарите, ќе можат да ги подигнат потребните предмети.
„Ако ви требаат работи, дојдете во ‘Куп’. Ова е за луѓе на кои им треба нешто од овие работи, ве молиме дојдете таму. Таму можете да добиете помош“, рече таа.
Нејзиниот син, Роан Стоун, додаде: „Ние сме на безбедно место и мислам дека сме толку благословени што сме на безбедно место, додека многумина не се. Мислам дека сè што можеме да направиме, како луѓе кои се безбедни, е да им вратиме, особено на оние кои изгубиле сè.“