Background

Актерката Шарлиз Терон јавно проговори за убиството на нејзиниот татко Чарлс Јакобус Терон во 1991 година, кој бил застрелан од нејзината мајка Герда во самоодбрана

Актерката Шарлиз Терон јавно проговори за убиството на нејзиниот татко Чарлс Јакобус Терон во 1991 година, кој бил застрелан од нејзината мајка Герда во самоодбрана.

„Њујорк Тајмс“ направи интервју со актерката од „The Old Guard“, каде таа изјави дека за ваквите потресни инциденти „треба да се зборува“.

За оние кои не знаат, мајката на познатата јужноафриканско-американска актерка и продуцентка, Герда Терон, го убила алкохоличарот Чарлс во самоодбрана во 1991 година. Герда испукала куршум кој поминал низ вратата и го погодил Чарлс, додека таа и 15-годишната Шарлиз се криеле од него.

- Advertisement -
Ad image

 

– Мислам дека за овие нешта треба да се зборува бидејќи тоа прави другите луѓе да не се чувствуваат осамени. Никогаш не знаев за таква приказна. Кога ова ни се случи нам, мислев дека сме единствените луѓе на кои им се случило. Овие работи веќе не ме прогонуваат –  изјави таа со искрено признание.

Давајќи го целосниот приказ на настаните што доведоа до трагичната смрт на нејзиниот татко, Шарлиз сподели дека таа и нејзината мајка отишле во кино, а потоа кај нејзиниот чичко. Сè се одвивало како што треба, но ситуацијата добила мрачен пресврт кога таа не го поздравила својот пијан татко по пристигнувањето кај чичко ѝ со нејзината мајка Герда.

Споделувајќи ја причината зошто избегнала да го поздрави татко си, 50-годишната актерка рече:

– Морав итно да одам во тоалет. Затоа, влетав во куќата за да стигнам до тоалетот, а тоа тој го сфати како безобразлук од моја страна, бидејќи не застанав да ги поздравам сите. Тоа е голема работа во Јужна Африка, видот на почит што треба да ја имате кон постарите. А тој беше во состојба каде што едноставно излезе од контрола. Си рекол: „Зошто не застана? Која мислиш дека си ти?“ – истакна ѕвездата на „Snow White and the Huntsman“.

Шарлиз била свесна за гневот на нејзиниот татко и за да се заштити од неговиот бес, отишла кај мајка си и ѝ рекла: „Кога тој конечно ќе реши да си дојде дома, те молам кажи му дека спијам“.

Таа се присети:

– Отидов во мојата соба, ги изгаснав светлата и бев исплашена. Мојот прозорец гледаше кон патеката за автомобили и можев да го проценам нивото на лутина, фрустрација или несреќа по начинот на кој влегуваше со колата. Начинот на кој тој влезе во имотот таа ноќ, не можам да ви го објаснам. Едноставно знаев дека нешто лошо ќе се случи.

Шарлиз раскажа како со пукање ја отворил влезната врата, мајка ѝ брзо го зела пиштолот и влегла кај неа во собата. Со телата ја држеле вратата затворена, зашто немало клуч. Татко ѝ пукал во вратата, со намера да ги убие, вели актерката. Но, тогаш мајка ѝ испукала и го убила.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation