Во конечнниот извештај од обдукцијата се наведува дека турската актерка Еџе Иртем, која почина на 35-годишна возраст минатиот месец, починала од труење со алкохол, со што завршија неколкунеделните шпекулации во јавноста за нејзината смрт.
Во извештајот, објавен од турската државна форензичка агенција, се вели дека смртта на Иртем настапила како резултат на „интоксикација со алкохол (етил алкохол).“ Исто така, се забележува дека во нејзиното тело се пронајдени терапевтски нивоа од активни супстанции од лекови и дека е медицински познато дека таквите супстанции го зголемуваат депресивниот ефект на алкохолот врз централниот нервен систем, пишува порталот „Turkish minute“.
Поранешните наоди од обдукцијата јасно ја исклучија можноста за насилна смрт, потврдувајќи дека на телото на актерката немало знаци на насилство или повреди.
Откако нејзиниот адвокат првично објави дека раните наоди укажуваат на срцев удар, социјалните мрежи беа преплавени со непроверени и бизарни теории за нејзината смрт. Новите официјални информации ставаат крај на шпекулациите, меѓу кои и на тврдењата дека актерката починала од сепса, па дури и од наводно каснување од мајмун кое се случило во текот на нејзиното неодамнешно патување во Тајланд.
Еџе Иртем е родена на 14 јуни 1991 година, а регионалната и турската публика ќе ја памети по нејзините впечатливи улоги во бројни хит проекти, особено по улогата во серијата „Шербет од брусница“ (каде што го толкуваше ликот Ишил).
Меѓу нејзините филмски улоги се и онаа во „Zengo“ и во трилерот на Нетфликс од 2024 година – „10 Days of a Curious Man“.
Иртем е погребана во населбата Кушадаси во западната покраина Ајдин.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
