Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ниво „ББ+” со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, соопшти Министерството за финансии.
Во најновиот извештај „Фич” констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија
Позитивно е оценета и динамиката на јавните инвестиции. Капиталните расходи во периодот јануари–јули годинава бележат раст од 40% на годишно ниво, што претставува 46% од ревидираната цел за целата година и што според Агенцијата ја одразува силната реализација на крупните инфраструктурни проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д.
„Фич” очекува економската активност да продолжи да биде поддржана од силните јавни инвестиции и приватната потрошувачка. Дополнителен потенцијал за повисок раст на среден рок Агенцијата препознава во продолжувањето на инфраструктурните проекти и спроведувањето на реформите во рамки на инструментите на Европската Унија.
Како фактори што го поддржуваат кредитниот рејтинг, „Фич” повторно ги издвојува поповолните показатели за управување и повисокиот БДП по жител во однос на земјите со споредлив кредитен рејтинг, како и посветеноста на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој се оценува како значајно реформско сидро на среден рок.
Во однос на фискалната рамка, „Фич” ја нотира целосната примена на Законот за буџети од 2028 година, како и потребата од постепена фискална консолидација, при што очекува намалување на дефицитот на среден рок.
Позитивна оценка има и за реформските активности за подобрување на наплатата на приходите, вклучително и воведувањето на е-фактурирањето.
Агенцијата нотира релативно поволна структура на долгот на општа влада имајќи го предвид големото учество на мултилатерални и билатерални кредитори во истата, а очекува бруто-долгот на општата влада да се стабилизира на просечно ниво од 52,7% од БДП во периодот 2026–2028 година, односно под утврдениот.
„Потврдата на кредитниот рејтинг „BB+” со стабилен изглед претставува значаен сигнал до меѓународните финансиски пазари и инвеститорите за стабилноста и перспективите на македонската економија, особено во услови на зголемени глобални економски и геополитички предизвици“, се оцени Министерството за финансии во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
