Поранешниот претседател на автономниот регион Гуангси во јужна Кина, Лан Тјанли, е осуден на смрт поради примање мито од 88 милиони долари. Судот му го одзеде целиот имот, но го одложи извршувањето на смртната казна за 2 години.
Лан ги злоупотребувал своите функции во периодот од 2008 до 2025 година, објави Ројтерс. За возврат на парите и на вредните предмети им помагал на поединци и на организации при доделувањето договори, при водењето бизниси и при унапредувањето функционери.
Вкупната вредност на митото утврдена од судот надминува 587 милиони јуани.
Судот во градот Чангде, во провинцијата Хунан, оцени дека Лан им нанел исклучително голема штета на државата и на јавноста.
Како олеснителни околности судот ги зел предвид признавањето на вината, каењето и доброволното откривање кривични дела за кои истражителите претходно не знаеле. Најголемиот дел од незаконски стекнатите средства е повратен.
Доколку во следните 2 години Лан не изврши ново кривично дело, смртната казна ќе му биде заменета со доживотен затвор, без право на условно ослободување или на дополнително намалување на казната.
Лан во декември минатата година беше исклучен од Комунистичката партија на Кина и разрешен од јавните функции.
Кинескиот претседател Си Џинпинг со години води кампања против корупцијата. Во октомври минатата година, поранешниот висок функционер во Внатрешна Монголија, Ванг Бо, доби смртна казна со двегодишно одложување поради примање мито од околу 62 милиона долари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
