Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека операцијата против руските бродови во Либија била изведена без претходна координација со европските партнери.
Во телефонскиот разговор на 27 ноември ѝ се извинил на италијанската премиерка Џорџа Мелони затоа што Италија не била однапред известена, објави „Ил Фољо“, повикувајќи се на извори од италијанската влада.
Признанието следуваше по јавното разидување меѓу Киев и Рим. Во претходно интервју за Би-Би-Си, Зеленски тврдеше дека украинските сили секогаш се координираат со партнерите кога дејствуваат во странски или меѓународни води, односно близу инфраструктура на друга држава.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани го демантираше, изјавувајќи за „Скај ТГ24“ дека партнерите не биле информирани за украинската операција во Либија. По разговорот со Мелони, Зеленски на Икс објави:
„Потврдив дека неодамнешната операција во Либија беше спроведена без претходна координација со нашите европски партнери“.
Мелони му објаснила зошто за Италија е важно однапред да знае за ваквите операции. Двајцата се договориле да ја подобрат комуникацијата, а Зеленски се обврзал надлежните служби да ги споделуваат потребните информации и да одржуваат директни и редовни контакти
Италијанската премиерка потоа јавно порача дека разјаснувањето било неопходно. Според соопштението на нејзиниот кабинет, таа во разговорот оценила дека нападот го нарушил суверенитетот на Либија и создава ризик војната да се прошири на Средоземното Море. Поддршката за Украина останува, но не подразбира прифаќање потези што ја загрозуваат безбедноста на Италија и на регионот.
И Тајани се повика на извинувањето, порачувајќи дека тоа потврдува оти италијанската влада не ги доведувала во заблуда парламентот и медиумите околу нападот во Бенгази.
Во операцијата на 22 ноември, според Зеленски, украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркуриј“ во Бенгази и го погодиле товарниот брод „Ангара“, кој Киев го поврзува со транспорт на руско оружје. Украинскиот претседател претходно ги бранеше нападите како удари врз легитимни руски цели.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
