Попустот од 50% на целиот асортиман во продавница на „Најк“ во Австралија предизвика вистински хаос на Црниот петок. На социјалните мрежи кружи снимка од купувачи кои пребаруваат низ купишта расфрлани кутии и патики за да го најдат својот број.
Се претпоставува дека снимката е направена во трговскиот центар „ДФО Хоумбуш“ во западниот дел на Сиднеј. Видеото е објавено на Инстаграм под насловот „Најк или депонија?“.
„Најк најави попуст од 50% на целиот асортиман. Целата продавница се претвори во депонија. Патики има насекаде, кутиите се расфрлани по подот, луѓето буквално се тепаат за да го најдат својот број“, напишал авторот на снимката.
Илјадници корисници на социјалните мрежи го осудија однесувањето на купувачите. Меѓу нив имаше и вработени во трговијата.
„Ние што работиме во трговија не сме ваши робови. Се надевам дека некој ќе влезе на вашето работно место, ќе направи хаос и ќе ве остави да го чистите нередот“, напишала една корисничка на Инстаграм.
Извршниот директор на Советот на трговските центри во Австралија, Ангус Нарди, го осуди малтретирањето на вработените за време на сезоната на попусти.
– Секаков вид непочитување или малтретирање на вработените во трговијата е срамно. Прометниот период на Црниот петок и божиќното пазарување не е никакво оправдување – изјави Нарди за австралискиот портал „Њуз“.
Во трговските центри низ Австралија се спроведува кампања за пристојно однесување кон продавачите. Нарди најави засилено присуство на полицијата и дополнителни мерки за заштита на вработените.
Продавниците имаат можност и законски да им забранат влез на одредени купувачи.
Се очекува Австралијанците да потрошат рекордни 7,2 милијарди австралиски долари во четирите дена од Црниот петок до Сајбер понеделникот.
Тоа е за 5,5% повеќе во споредба со минатата година. Според проекциите, секоја минута ќе се трошат по 1,25 милиони австралиски долари.
Многу австралиски семејства ги користат ноемвриските попусти за да ги купат божиќните подароци и да ги намалат трошоците во декември.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
