Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека за време на неодамнешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кина разговарал за потребата Русија да ја прекине воената агресија во Европа и изразил надеж дека Москва и Киев наскоро ќе постигнат мировен договор.
Трамп ова го објави на својата социјална мрежа „Truth Social“, наведувајќи дека голем дел од разговорот со Путин бил посветен токму на ова прашање.
– За време на мојот разговор во Кина со рускиот претседател Владимир Путин посветив многу време разговарајќи за тоа како би сакал претседателот Путин да ја прекине секоја воена агресија врз териториите во Европа, со надеж дека Русија и Украина можат да постигнат договор – и тоа бргу – напиша Трамп.
Тој оцени дека постои голема можност за постигнување мировен договор меѓу двете земји, иако не откри дали Путин дал конкретни сигнали дека е подготвен да ги запре воените операции.
– Илјадници луѓе умираат секој месец, целосен масакр, а постигнувањето на ова би било голема заслуга за сите вклучени! – наведе американскиот претседател.
Трамп додаде дека за разговорите со рускиот лидер го информирал и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со кого се сретнал синоќа во својата резиденција во Мар-а-Лаго.
Неговата објава следува по серијата инциденти во кои руски ракети и беспилотни летала, за време на нападите врз Украина, го нарушија полскиот воздушен простор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
