Тројца членови на семејството Ѓорѓиевски се соочуваат со кривична пријава за тешка телесна повреда на 67-годишна жена од селото Дрење, која била нападната додека го напасувала својот добиток. Полицијата поднела пријава против 58-годишниот Г.Ѓ. и неговите две ќерки, на возраст од 23 и 31 година, поради сомнение дека ја нападнале жената и ѝ нанеле тешки повреди.
Инцидентот се случил на 21 ноември, околу 9 часот, во селото Дрење, Кривопаланечко. Според полициските информации, тројцата најпрвин влегле во вербална расправија со 67-годишната Д.Д., по што физички ја нападнале. Жената во тој момент го напасувала својот крупен добиток.
Таа била повредена во нападот, а повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка. Според претходно објавените информации, жената се здобила со скршеница и била хоспитализирана.
Против тројцата жители на селото Жидилово ОВР Крива Паланка поднело кривична пријава за кривично дело „тешка телесна повреда“, предвидено во член 131 од Кривичниот законик.
Случајот повторно го отвора долгогодишниот проблем со добитокот на семејството Ѓорѓиевски, чии крави, според поплаките на жителите, неконтролирано се движат низ Крива Паланка и околните населени места, предизвикувајќи материјални штети и конфликти.
Проблемот со добитокот со месеци предизвикува реакции кај локалното население. Во ОВР Крива Паланка, според претходно објавените податоци, биле евидентирани вкупно 104 пријави поврзани со сопствениците на кравите. Од нив, 43 се однесувале на упатени лица, 18 биле поплаки, шест се однесувале на нарушување на јавниот ред и мир, 16 на кривични дела што се гонат по приватна тужба, а 21 на кривични дела што се гонат по службена должност.
И покрај бројните пријави, проблемот со добитокот и конфликтите со жителите продолжуваат. Последниот инцидент, во кој тешко била повредена 67-годишна жена, ескалираше во кривична постапка против тројца членови на семејството.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
