Background

Парасту Ахмади доби и двегодишна забрана за пеење

Иранските власти ја спроведоа казната со 74 удари со камшик врз пејачката Парасту Ахмади и четворица членови на нејзиниот музички и продукциски тим, поради настап на кој таа пеела без задолжителниот хиџаб. Казната била извршена во понеделникот, 23 ноември, во градот Ком, откако Апелацискиот суд ја потврдил првичната пресуда.

Ахмади, која има 29 години, заедно со музичарите Сохеил Фагих Насири, Амин Тахери, Амир Али Пирнија и организаторот Мохсен Лашкари, добила по 74 удари со камшик. Покрај физичката казна, на осудените им е изречена и двегодишна забрана за учество во уметнички и музички активности, како и забрана за напуштање на Иран во истиот период.

Случајот започна по настапот на Ахмади во декември 2024 година, кога таа одржа концерт без публика во историскиот караван-сарај Деир Гачин, во близина на градот Ком. Пејачката настапи без хиџаб, во придружба на машки музичари, а концертот беше пренесуван во живо на нејзиниот канал на „YouTube“.

- Advertisement -
Ad image

Настапот, кој Ахмади го нарече „Замислен концерт“, привлече големо внимание на интернет и во наредните денови собра милиони прегледи.

 

Иранскиот суд ги обвини Ахмади и членовите на нејзиниот тим за „нарушување на јавниот морал“ преку создавање и објавување, како што беше наведено во обвинението, непристојна и неморална содржина на интернет. Во јуни годинава им беа изречени казните, а во септември Апелацискиот суд во Ком ја потврди пресудата.

Според информациите што ги објавија адвокатите, првично биле осудени деветмина членови на тимот, но казната со камшик во понеделникот била извршена врз Ахмади и четворица нејзини соработници.

Случајот предизвика реакции од организации за човекови права и активисти, кои ја осудија казната и ја оценија како сурово и понижувачко постапување. Тие предупредуваат дека казнувањето на уметниците поради нивниот настап и изглед претставува сериозно ограничување на слободата на изразување и правата на жените.

Во Иран, жените со закон се обврзани да носат хиџаб и облека што ги покрива телото и косата. Правилата за задолжително носење хиџаб станаа центар на масовните протести во 2022 година, по смртта на Махса Амини, која почина во притвор откако беше приведена поради наводно прекршување на правилата за облекување.

Ахмади и претходно имала проблеми со властите поради своите настапи и музички активности, а нејзиниот случај повторно го отвори прашањето за слободата на уметничкото изразување и положбата на жените во Иран.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖