Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека руски воен брод потонал во либиското пристаниште Бенгази во неделата, по напад извршен од украински поморски дронови. Кратко потоа, цел на напад бил и товарен брод, за кој се верува дека превезувал руско оружје. Како одговор на тоа, Обединетите нации предупредија дека Либија „не смее да стане бојно поле за туѓи конфликти“.
Бродот бил цел на неколку украински дронови; иако дел од нив биле пресретнати, најмалку два го погодиле бродот, предизвикувајќи силна експлозија. Рускиот воен брод потоа потонал.
Неколку часа подоцна, во посебен напад во близина на либискиот брег кај Бенгази, бил погоден товарен брод по име „Аскалон“ – кој пловел под малтешко знаме, но за кој исто така се верува дека е поврзан со Русија. Либиската морнарица ја спасила екипажот по нападот; неколку лица се здобиле со повреди, но нема пријавени смртни случаи. Руска ракетна корвета „Меркуриј“,
ОН предупредуваат: Либија не смее да стане бојно поле за туѓи конфликти
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска преку објава на социјалната мрежа „Икс“ (X) потврди дека биле извршени напади врз пловила во јужниот дел на Средоземното Море – на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот во Украина. Тој наведе дека во неделата и денеска „добил детални извештаи“ за текот на воената операција кај брегот на Либија, како и дека зацртаните цели биле постигнати. „И покрај сите напори на непријателот да го одбие нападот, руската корвета ‚Меркуриј‘ беше потопена. Станува збор за еден од нивните најнови бродови, кој ѝ се приклучи на руската флота во 2023 година“, напиша тој. Тој додаде дека бил нападнат и погоден и товарен брод што превезувал оружје, а за време на почетниот напад врз руската корвета бил уништен и воен хеликоптер.
Обединетите нации денеска изразија загриженост во врска со нападите. „Либија не смее да си дозволи да стане бојно поле за надворешни конфликти“, напиша мисијата на ОН во Либија (УНСМИЛ) на социјалната мрежа „Икс“ (X). Властите во источна Либија, предводени од генералот Калифа Хафтар – кои не се признати од Обединетите нации – по нападот изјавија дека Либија „не е учесник во руско-украинската војна“.
Во меѓувреме, меѓународно признатата либиска влада во Триполи изрази загриженост во врска со „вклучувањето на цивилни пристаништа и објекти во активности поврзани со надворешни конфликти“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
