Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска го објави најновиот пакет владини документи и снимки за неидентификувани летачки објекти (НЛО), пишува „Дејли меил“.
Министерството за војна објави околу 40 документи и три видеа, меѓу кои се издвојува видео од Блискиот Исток од 2020 година, снимено со инфрацрвена камера, на кое се гледа објект како лета над воен брод.
Меѓу досиејата е првата целосна копија од извештајот од 1953 година на инженерот Кларенс, дизајнер на авионите U-2 и SR-71. Џонсон во документот наведува дека видел црн, елиптичен објект лебдел неподвижен на небото западно од неговиот ранч во Агура, Калифорнија, најмалку три минути, а потоа одлетал со голема брзина и исчезнал за помалку од 90 секунди. Објектот бил забележан и од екипаж на авион на Локид кој бил во воздух во тој момент.
Во еден разузнавачки документ од август 1952 година се предупредува дека јавното сознание за интересот на Агенцијата за летачки чинии може да доведе до тоа прашањето да стане уште посериозно во очите на јавноста, што ЦИА и воздухопловните сили го оцениле како крајно непожелно.
Во истиот документ се наведува дека барањата за информации масовно пристигнувале до воздухопловните сили, вклучително и преку официјална истрага од Белата куќа. Во тој период Хари Труман беше претседател, а јавниот интерес порасна по серијата видувања на НЛО над Вашингтон тоа лето.
Многу од овие написи се однесуваат на ранчот „Скинвокер“, кој милијардерот од Лас Вегас, Роберт Бигелоу, го купи во 1996 година за околу 200.000 долари по претходните извештаи за необични настани, а за кој беше објавена книга во 2005 година.
Извештајот, доставен до Агенцијата за одбранбено разузнавање на САД (DIA) во јули 2009 година, ги опишува плановите за изградба на подземен трезор со површина од околу 465 квадратни метри, со ѕидови дебели приближно 90 сантиметри. Објектот требало да се користи за складирање на егзотични материјали или биолошки ткива што компанијата сакала да ги стекне.
Во документот се наведува дека потребата за таков простор произлегла од приоритетот за лоцирање и добивање на пронајдени делови од авиони и биолошки примероци од корпоративниот свет или од приватни лица и групи на други локации, вклучувајќи го и Бразил.
Книгата од 2005 година го привлекла вниманието на научникот од Агенцијата за одбранбено разузнавање, Џејмс Лакаки, кој го посетил ранчот во 2007 година, а подоцна пријавил во извештај дека таму видел објект што левитира.
Ова е осмиот пакет документи откако Министерството за војна започна во мај објавување од архивите за НЛО, со што бројот на објавени датотеки се искачи на над 500, а службениците најавуваат нови објавувања по налог на Доналд Трамп, додека разгледуваат десетици милиони документи.
Трамп го претстави објавувањето на документите како прекин на повеќедецениската тајност, порачувајќи им на граѓаните на платформата Truth Social дека сега можат самите да донесат сопствени заклучоци.
Меѓу материјалите се наоѓаат и цртежи направени од очевидци кои тврделе дека лично виделе неидентификувани објекти.
Извештај на американските воздухопловни сили од октомври 1957 година прикажува цилиндричен предмет покриен со шилци, виден од петмина рибари кај Мартас Вињард, од кои двајца биле воени резервисти.
Надлежните служби истовремено презентираа и видеоматеријали за неразјаснети случаи, упатувајќи повик до стручната јавност да помогне во анализата на нерешените појави.
Во наредниот период се планира дополнително објавување на содржини, со оглед на тоа што голем дел од државните архиви сè уште се наоѓаат во хартиена форма.
Tagged as:
ПЕНТАГОН ОБЈАВИ НОВ ПАКЕТ НЛО-МАТЕРИЈАЛИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
