Петарди, стаклени шишиња, заштитни шлемови и сообраќаен знак денеска беа фрлени врз зградата на Министерството за образование во Рим за време на протестот на италијанските студенти, јавија италијанските медиуми.
Учесниците на протестниот марш стигнаа до зградата на Министерството за образование, каде што извикуваа пароли против италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара. Подрачјето околу Министерството беше обезбедувано од силни полициски сили.
Двајца млади мажи со качулки за време на студентскиот марш во Рим влегле во бензинска пумпа и со налепници со бројот нула го прекриле излогот со истакнатите цени на горивата.
Маршот почна на плоштадот Пјацале Остиенсе, а учесниците протестираа против државниот буџет, војните, повторното вооружување и високите трошоци за живот.
Протестот потоа продолжи со слоганите „Нема да плаќаме за војна“.
Студентите за време на маршот пред Колосеумот им оддадоа почит на работниците загинати на работното место, со поставување жолт заштитен шлем испрскан со црвена боја, што ја симболизираше крвта на настраданите.
Во Рим беа испишани и графити против премиерката Џорџа Мелони и манифестацијата „Атреју“, која ја организира десниот центар.
Протестите на студентите се дел од поширока европска иницијатива под слоганот „За нашата иднина, против нивните војни“, која ја иницираа студентски и младински организации со поддршка на организации на граѓанското општество.
Демонстрантите во повеќе европски градови бараат поголеми вложувања во образованието, заштитата на животната средина и подостапно домување, со противење на зголемувањето на воените издатоци и политиката на вооружување.
Tagged as:
Масовен протест под слоганот „Нема да плаќаме за војна“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
