Background

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, а во угостителството 35.447 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи зголемување од 8,1% во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Реалниот раст на просечната нето плата, пак изнесувал 5,2%.

На ниво на целата економија, септемвриската нето-плата била повисока за 408 денари во однос на август и за 3.675 денари во однос на септември лани.

- Advertisement -
Ad image

И натаму на врвот на листата на исплатени плати се наоѓа ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното се сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари или највисоката просечна плата во земјава е  два и пол пати повисока од најниската. Изразено во бројки тоа е разлика од 53.340 денари.

Втор просек на нето плата го има финансискиот и осигурителниот сектор од  64.809 денари, а трет највисок просек на нето плата има рударството од 59.586 денари.

Втора најниска просечна плата има во земјоделството од  38.534 денари , а трети се платите во секторот административни и помошни услуги каде што просекот е 39.693 денари.

Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.

Според Статистика, зголемувањето на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Раст на платите е регистриран и во секторот „административни и помошни услужни дејности за 10,6%, како и во „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 10%.

Во споредба со август, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 6%, „преработувачка индустрија“ за 3% и „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“ за 2,5%.

Просечната бруто-плата по вработен во септември изнесувала 73.940 денари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖