Background

ЛОНДОН ГИ „РЕШИ“ ХАКЕРИТЕ НА ФРИЖИДЕРИ НА „СТАР ДОБАР НАЧИН“

Додека хакери низ Европа ги претвораа фрижидерите во печки и уништуваа храна, британските експерти започнале тајна операција за да спречат нов напад. Решението било неочекувано едноставно – вработените добиле наредба да ги вадат интернет-каблите од системите за ладење и рачно да ја контролираат температурата.

Во операцијата биле опфатени десетици илјади фрижидери и замрзнувачи, а паралелно се подготвувале софтверски поправки, објави „Би-Би-Си“.

Британските власти и експертите за сајбер-безбедност реагирале по нападите во европските супермаркети, каде што хакерите далечински ги зголемувале температурите и предизвикувале расипување на храната.

- Advertisement -
Ad image

Проверките покажале дека слабост постои и во контролерите што се користат во британските ладилни системи.

Илјадници такви уреди биле исклучени од интернет. Во еден голем трговски синџир, екипите секојдневно отстранувале стотици контролери од мрежата, во текот на цела недела.

– Навистина изгледаше како трка со времето, бидејќи очекувавме уште еден бран вакви напади врз фрижидерите – раскажал еден од вработените за британскиот јавен сервис.

Операцијата започнала откако етички хакери откриле безбедносен пропуст кон крајот на октомври.

Предупредувањата биле испратени до супермаркети, магацини, ресторани, бензински станици и стадиони што користеле слична опрема.

Британскиот јавен сервис бил запознаен со откритието, но се согласил привремено да не ја објавува приказната за напаѓачите да не дознаат за ранливоста пред таа да биде отстранета.

Трка со времето за да се затвори пропустот

Истражувачите од компанијата „Пен тест партнерс“, кои учествувале во операцијата, утврдиле дека британските контролери имаат слабост слична на онаа што била искористена при нападите во Франција.

Дополнителните проверки откриле уште неколку безбедносни пропусти.

Експертите пребарувале јавно достапни податоци за индустриски уреди поврзани на интернет, обидувајќи се да ги идентификуваат загрозените компании.

Кај дел од контролерите биле достапни и податоци за локацијата, што им помогнало да ги пронајдат сопствениците и да ги предупредат.

Техничките екипи работеле навечер и за време на викендите. Производителот „Рисорс дата менаџмент“ подготвил нов софтвер, додека компаниите го ограничувале пристапот до контролерите преку интернет.

Според истражувачите, опасноста е значително намалена, но дел од помалите компании што складираат и транспортираат разладена храна можеби сè уште користат ранлива опрема.

Производителот ја оспорил оценката за сериозноста на пропустите, посочувајќи дека тестирањето вклучувало физичко расклопување на контролерите.

Истражувачите возвратиле дека таквата опрема може евтино да се набави преку интернет, вклучително и на „Ибеј“.

Хакерите ги загревале фрижидерите до 50 степени

Британската операција следува по серијата напади врз ладилни системи во европските супермаркети.

Во некои од нападнатите системи температурата достигнала дури 50 степени. Наместо да ја одржуваат храната замрзната, компромитираните контролери овозможувале нејзино загревање.

Напаѓачите во одредени случаи искористувале непроменети фабрички лозинки, меѓу кои и едноставната комбинација „12345“.

Таквите лозинки им овозможувале пристап до контролерите без потреба од сложено пробивање на заштитата.

Меѓу погодените трговски синџири биле „Карфур“, „Делез“, „Колрујт“, „ИЦА“, „Кооп“ и „Масгрејв“.

Продавниците морале да фрлаат месо, млечни производи и замрзната храна, бидејќи зголемените температури ја нарушиле безбедноста на производите.

Нападите покажале дека современите ладилни системи можат да бидат ранливи токму поради можноста за далечинско управување. Контролерите што ја регулираат температурата преку интернет им овозможуваат на компаниите полесно да ја надгледуваат опремата, но истовремено можат да станат влезна точка за напаѓачите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖