Две руски ракети и дрон паднаа на територијата на Полска рано утрово, потврди министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш. Инцидентите се случиле за време на масовен руски напад врз цели во западна Украина.
Полскиот медиум Виртуална Полска утрово објави фотографија од кратер со пожар во центарот. Порталот наведува дека објектот паднал на поле во селото Нови Липовиец во југоисточна Полска, на околу 60 километри од украинската граница и на неколку стотини метри од станбени згради. Нема извештаи за повредени.
Министерот Косињак-Камиш на прес-конференција потврди дека руска крстосувачка ракета Кх-101 паднала во Нови Липовиец. Тој рече дека станува збор за ист тип ракета што влегла во полскиот воздушен простор и експлодирала во источниот дел од земјата во јули оваа година.
Министерот, исто така, откри дека друга ракета паднала во градот Рудник, додека објект за кој се верува дека е дрон со млазен погон го погодил селото Молодич.
Двете локации се во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина. Косињак-Камиш рече дека инцидентите се случиле за време на „еден од најголемите руски напади врз Украина од почетокот на војната“, додавајќи дека немало извештаи за повредени или штети на клучна инфраструктура.
Исто така, тој обвини дека ракетите во Полска не се случајност.
„Тешко е да се смета за случајност тоа што времето и местото на повредата на полскиот воздушен простор се совпаѓаат со вежбите на Коалицијата на подготвените во Нова Демба. Денес ќе бидам таму заедно со војницитњ од полските вооружени сили, министрите за одбрана на нашите сојузници и војници од земјите на Коалицијата на подготвените“, објави Косињак-Камиш на Икс.
Воените вежби на Коалицијата на подготвените се одржуваат на воениот полигон Нова Дембаво југоисточна Полска во периодот од 9 до 22 ноември 2026 година и се први заеднички теренски вежби на оваа мултинационална формација.
Оперативната команда на полските вооружени сили претходно објави дека „ги активирала потребните сили како одговор на руските напади врз цели во Украина“. Ваквите најави станаа вообичаени во последните месеци, бидејќи Полска редовно ја зголемува својата борбена готовност како одговор на руските напади во близина на нејзините граници. Во септември, дрон со млазен погон погоди патнички воз на линијата Киев-Варшава.
Премиерот на Полска, Доналд Туск го потврди нарушувањето на полскиот воздушен простор непосредно пред 8 часот наутро и рече дека службите за итни случаи и безбедност се на местото на настанот. Тој се состана со министрите за безбедност и претставници на војската и безбедносните служби за да разговараат за ситуацијата.
Полската влада во последните месеци предупредуваше на разузнавачките информации што укажуваат на веројатност за руски провокации, вклучително и кршење на воздушниот простор и на границите. Во септември оваа година, руски хеликоптер накратко ја премина границата од руската енклава Калининград, а претходно овој месец Полска објави дека спречила копнена операција во близина на таа граница.
Во септември 2025 година дваесетина руски беспилотни летала ги преминаа источните граници на Полска. Во ноември 2022 година, на почетокот на војната во Украина, две лица загинаа во Полска откако падна ракета. Подоцнежната истрага утврди дека станува збор за украинска ракета за воздушна одбрана, испукана како одговор на руски напад.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
