Просечната потрошувачката кошничка во октомври била 59.149 денари што е 942 денари повеќе во однос на септември или 1,6%, соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Дурмиши информира дека најголемо зголемување има кај храната и пијалаците, посебно кај зеленчукот и овошјето. Раст има и кај домувањето, облеката и обувките, рекреацијата, културата, електриката, гасот и други горива.
Секојдневно, рече тој, се набљудуваат цените од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
– Засега цените се во рамки на релативна пазарна стабилност. Нашата цел е да интервенираме само ако има потреба, односно економска оправданост. Кога ќе бидеме известени од ДПИ дека има девијантно однесување кај трговците, тогаш ќе постапиме – рече Дурмиши.
И за овој месец Министерството за економија не понуди табела на намирниците и услугите кои ја сочинуваат потрошувачката кошничка со нивните цени и процентуално учество во кошничката.
Тој се осврна на инфлацијата, месечната е, нагласи, 0,4%, а годишната во октомври 3,3%.
– Во еврозоната инфлацијата е 4%. Ние сме најдобри. Сепак, инфлацијата кај нас треба да е под три отсто и ќе го достигнеме тоа до крајот на годината – рече тој.
Во однос на минималната плата, информира дека Владата посветено работи на нејзино зголемување.
Синдикалната минимална кошница во октомври изнесуваше 70.358 денари.
Tagged as:
Дурмиши оцени дека највисок пораст на трошоците има кај храната и домувањето
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
