Background

ПОГОДЕНА Е ЕДНА ОД НАЈВИСОКИТЕ ЗГРАДИ ВО РИЈАД

Една од највисоките згради во Ријад, Саудиска Арабија, во која се наоѓа седиштето на државниот инвестициски фонд ПИФ (Public Investment Fund), претрпе оштетувања во ракетен напад утрово.

Станува збор за кулата ПИФ во финансискиот кварт „Крал Абдула“, а според информациите на Ројтерс, оштетени се прозорците на 7 до 8 ката, додека делови од металната фасада се деформирани.

По инцидентот се затворени сите влезови во финансискиот кварт, а луѓето од областа се евакуирани. На местото се испратени амбулантни возила и противпожарни екипи. Засега нема непосредни извештаи за загинати или повредени лица.

- Advertisement -
Ad image

 

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која војува против бунтовничкото движење Хути во Јемен, соопшти дека пресретнала ракетна закана насочена од Јемен кон Ријад. Во првичната процена, според изјавата на портпаролот на коалицијата, генерал-мајор Турки ал Малики, остатоци од ракетата паднале во градот и предизвикале материјална штета. Обемот на оштетувањата се проценува.

Според саудискиот медиум „Араб њуз“, во 4:42 часот наутро Цивилната одбрана испратила предупредување на мобилните телефони за воздушна закана. Неколку минути подоцна жителите слушнале силна експлозија, по што следувало известување дека опасноста поминала.

Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со настанот, објави дека станува збор за напад со ракета на јеменските Хути. Сепак, самата група засега не презеде одговорност за конкретниот напад.

Ова е вторпат во помалку од две недели да биде оштетен значаен објект во финансискиот кварт на Ријад. Во напад на 8 ноември беше оштетена административна зграда на нафтениот гигант „Сауди Арамко“. И тогаш саудиските власти соопштија дека материјалната штета била предизвикана од остатоци од пресретнати ракети.

Новите напади се случуваат во услови на засилување на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите во Јемен, кој е дел од пошироката регионална ескалација поврзана со војната со Иран. Саудиските сили во изминатиот период интензивираа операции против позициите на Хутите во Јемен, додека групата продолжува со ракетни и беспилотни напади врз саудиска територија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖