Турскиот стратег Хамза Хамзаоглу започнал разговори со раководството на Фудбалската федерација на Македонија за можно преземање на македонската репрезентација, објави турскиот новинар Решат Џан Озбудак. Засега нема официјална потврда од ФФМ дека преговорите се во тек или дека е постигнат договор.
Според информациите што ги објавува турскиот новинар, Хамзаоглу веќе разговарал со претставници на ФФМ за условите и можноста да ја преземе селекторската функција. Доколку преговорите завршат успешно, тој би можел да биде новиот предводник на македонската репрезентација.
Турскиот тренер има богато искуство од клупскиот фудбал. Најголем белег во кариерата остави во „Галатасарај“, кој го предводеше од декември 2014 до ноември 2015 година. Во тој период освои и три трофеи со истанбулскиот клуб – првенството, Купот и Суперкупот на Турција.
Покрај „Галатасарај“, Хамзаоглу работел и во „Акхисарспор“, „Денизлиспор“, „Малатијаспор“, „Бурсаспор“, „Османлиспор“, „Анталијаспор“, „Генчлербирлиги“ и други турски клубови. Во стручниот штаб на турската репрезентација бил помошник на Фатих Терим, а во последните години работел и како помошник-тренер во саудискиот „Ал Шабаб“.
За македонската публика неговото име е интересно и поради врската со Горан Пандев. Хамзаоглу го предводеше „Галатасарај“ во сезоната во која Пандев настапуваше за турскиот гигант. Македонскиот капитен пристигна во Истанбул во летото 2014 година, неколку месеци пред Хамзаоглу да ја преземе тренерската функција.
Евентуалната промена на селекторското место доаѓа по исклучително лошиот настап на Македонија во Лигата на нации. Избраниците на Гоце Седлоски ги загубија сите шест натпревари во групата, примија 15 гола, а постигнаа само еден. Со нула освоени бодови завршија на последното место во групата.
Засега останува да се види дали разговорите со турскиот стратег ќе резултираат со договор и дали ФФМ ќе се одлучи за промена на селекторската позиција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
