Собраните докази против осомничените за подготовка на терористички напад во Грција се доволни за сериозни обвиненија, за кои македонското законодавство предвидува високи затворски казни. Ова го оцени директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.
Новинарска екипа на телевизијата допатувала во Скопје за да разговара со македонските безбедносни претставници за разоткриената мрежа осомничена за подготовка на напад во Грција.
Јанев вели дека случајот е особено чувствителен, посочувајќи дека сега се очекува судската разрешница за 5-темина уапсени. Четворица се во притвор, додека петтиот е во куќен притвор.
Според директорот на БЈБ, потенцијални цели на нападот биле лица и компании што работат во поголемите грчки градови, вклучително и во Атина.
– Засега успеавме сето тоа да го спречиме врз основа на информациите и дејствијата што ги презедовме на територијата на нашата земја, но и во тесна соработка со грчката полиција – изјавил Јанев.
Тој ја истакнал соработката со директорот на грчката полиција, Димитрос Малиос, наведувајќи дека во изминатите 2 години биле изградени силни партнерски односи.
Според извештајот на ЕРТ, иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зиндапти наводно се запознал со еден од уапсените во турски затвор, каде што двајцата биле затворени за дела поврзани со дрога.
Нивното познанство, според информациите на грчката телевизија, било почеток на регрутирањето други лица од организираниот криминал.
Македонските власти, во соработка со грчката разузнавачка служба ЕИП, трагаат по уште едно лице поврзано со случајот, за кое се тврди дека избегало во странство.
Грчките медиуми наведуваат неколку можни цели на нападот, меѓу кои бизнисмен со еврејско потекло и лица поврзани со израелски компании. Идентитетот на потенцијалната цел не е официјално потврден.
Иранската амбасада во Атина ги отфрлила обвинувањата за поврзаност на Иран со планираниот напад, оценувајќи ги како неосновани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
