Цената на златото денес во земјава бележи умерен пад од 586,82 македонски денари за унца 24-каратно злато, достигнувајќи 209.430,15 македонски денари за унца (промена од -0,28% во споредба со вчерашните цени.
Еден грам 24-каратно злато денеска чини 6.734,09 денари, додека цената на грам 22-каратно злато изнесува 6.172,91 денари. Грам 18-каратно злато денеска чини 5.050,57 денари.
На светските берзи овој благороден метал се соочува со сериозен пад на вредноста. Од јануари кога го постигна историскиот максимум до сега златото загуби речиси една третина од својата вредност, доведувајќи ја во прашање неговата традиционална улога во инвестициските портфолија.
Откако на почетокот на 2026 година достигна рекордни 5.595 долари за тројска унца, цената на златото денеска се спушти на 3.730 долари, што претставува најниско ниво од септември 2025 година.
Особено изненадувачки за инвеститорите е фактот што падот се случува во период кога и светските пазари на акции бележат значителни загуби.
Од почетокот на октомври, кога американските берзански индекси достигнаа рекордни нивоа, златото загуби околу 10% од вредноста.
Во изминатите неколку години, златото беше меѓу најуспешните инвестиции на светските финансиски пазари. Од приближно 2.000 долари за унца на почетокот на 2024 година, неговата цена се зголеми речиси трипати до јануари 2026 година.
Растот беше поттикнат од зголемените набавки на злато од страна на централните банки, но и од значителниот интерес на инвеститорите кои вложуваа преку берзански тргувани фондови (ETF).
Сепак, промената на глобалните макроекономски услови предизвика пресврт на пазарот.
Растот на цените на енергенсите, засилените инфлаторни притисоци, повисоките приноси на американските државни обврзници и очекувањата за дополнително зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви (ФЕД) ја намалуваат атрактивноста на благородниот метал.
Дополнителен притисок врз неговата цена создава и зајакнувањето на американскиот долар.
Падот на цената на златото за македонските граѓани значи поевтино купување златен накит и инвестициско злато, но и пониска вредност на постоечките златни заштеди и поголем ризик за инвестиорите во овој метал. На државно ниво, овој тренд ја намалува книговодствената вредност на девизните резерви на Народната банка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
