Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, признание што му беше доделено на македонскиот проект „Безбеден град“. Во рамки на самитот, тој зборуваше и за значењето на меѓународната полициска соработка, посочувајќи ја заедничката истрага на македонската полиција и американското ФБИ против нелегалната платформа „OLVX“.
Станува збор за значајно меѓународно признание за реформите што Министерството за внатрешни работи ги спроведува во областа на безбедноста на сообраќајот. Проектот „Безбеден град“ претставува системски пристап кон унапредување на сообраќајната безбедност, кој ги обединува современите технологии, законските измени, автоматската детекција на прекршоци и дигитализацијата на постапките, со крајна цел намалување на сообраќајните несреќи и заштита на човечките животи.
Во рамки на Светскиот полициски самит, министерот Тошковски ја имаше честа да се обрати и на воведните обраќања (Welcoming Speeches), пред меѓународни полициски претставници и учесници на самитот.
Во своето обраќање тој ја нагласи важноста на меѓународната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици, истакнувајќи дека иако надлежностите на државните институции имаат национални граници, последиците од нивното дејствување или недејствување ги надминуваат тие граници.
Како конкретен пример за успешна меѓународна соработка, министерот ја посочи заедничката истрага на македонската полиција и ФБИ против нелегалната онлајн платформа OLVX, поврзана со трговија со украдени лични податоци и алатки за сајберкриминал. Тој потенцираше дека активностите преземени во Македонија придонеле за дигиталната безбедност на граѓани во Соединетите Американски Држави.
– Големината на една држава не ја ограничува важноста на нејзиниот придонес. Една навремена информација, една успешна истрага или една спречена закана можат да заштитат човечки животи далеку над нејзините граници – рече своето обраќање министерот Тошковски.
Свеченото врачување на наградата претставува меѓународно признание за заложбите на македонската полиција за унапредување на сообраќајната безбедност, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите, модернизацијата и воведувањето современи решенија во служба на граѓаните.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
