Лука Дончиќ повторно имаше проблеми со судиите, а Лос Анџелес Лејкерс го претрпе првиот пораз по 9 последователни победи. Јута славеше со 109:97 на гостувањето во Лос Анџелес, забележувајќи го само третиот триумф сезонава.
Тензијата започна на полувремето, кога словенечкиот кошаркар му дофрли нешто на еден од судиите. Арбитерот се сврте и го праша:
– Што рече?
Дончиќ не одговори и продолжи кон соблекувалната. Расправиите продолжија во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка.
Словенецот тогаш ѝ се обрати на судијката Даница Баруда.
– Не е сè до тебе – ѝ рече Дончиќ, по што доби одговор дека не знае кога треба да престане.
Покрај нервозата, Дончиќ имаше и лоша шутерска вечер. Постигна 29 поени, но погоди само 2 од 12 тројки и загуби 9 топки. Со тоа заврши неговата серија од 11 последователни натпревари со најмалку 30 поени.
По натпреварот, Дончиќ ја презеде одговорноста за поразот, пишува АП.
– Искрено, морам да бидам многу подобар. Ова е неприфатливо од моја страна. Морам подобро да го водам тимот, да го анализирам натпреварот и да научам нешто од него – изјави Словенецот.
Јута, која до овој натпревар имаше само 2 победи во 15 средби, направи серија од 15:0 во последната четвртина и поведе со 98:83. Гостите ги предводеше Кијонте Џорџ со 30 поени, додека Ејс Бејли додаде 19.
Според официјалниот извештај на НБА, Лејкерсите ја завршија вечерта со само 38,2% успешност во шутот од игра. Јута, пак, за 2 дена ги победи двата клуба од Лос Анџелес, откако претходно ја прекина серијата од 12 порази со триумф над Клиперс.
Tagged as:
ДОНЧИЌ ВЛЕЗЕ ВО РАСПРАВИЈА СО СУДИИТЕ ПА СЕ ОБВИНИ СЕБЕСИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
