Background

РОБОТАКСИЈА НА „ВЕЈМО“ ВЛЕГЛЕ МЕЃУ РАБОТНИЦИ НА АВТОПАТ

Роботаксијата на „Вејмо“ влегувале во затворени работни зони на автопати, каде што имало работници, машини и други возила. Калифорнискиот Оддел за моторни возила поради овие инциденти им забрани автопатско возење без возач, по што компанијата привремено ја запре услугата и на другите американски пазари, јави Ројтерс.

Еден од инцидентите се случил на 5 ноември, кога три автономни возила навлегле во работна зона на автопатот 101, во близина на Бурлингејм. Следниот ден, на автопат во Сан Франциско, друго роботакси се обидело да заобиколи возила на Калифорниската автопатска патрола што намерно го забавувале сообраќајот.

Снимката од вториот случај се проширила на социјалните мрежи. Според „Вејмо“, инцидентите во работните зони не предизвикале повреди или судири.

- Advertisement -
Ad image

Регулаторот оценил дека повтореното навлегување меѓу работниците и опремата претставува непосредна опасност за јавната безбедност. Ограничувањето стапило во сила на 11 ноември, но јавноста дозна за него вчера.

Калифорниската мерка ги опфаќа и комерцијалните возења и тестирањето без возач на автопатите. Ќе остане на сила додека „Вејмо“ не докаже дека презела ефикасни мерки за отстранување на пропустите.

Компанијата, која е дел од „Алфабет“, самата го проширила прекинот на комерцијалната автопатска услуга надвор од Калифорнија. Возењата по градските улици продолжуваат, како и автопатските тестови со обучени лица зад воланот.

Проблемот се повторува по претходни ограничувања и софтверски поправки. Според документ објавен од американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатите, на 18 мај седум возила на „Вејмо“ навлегле во ленти со активни градежни работи во заливот на Сан Франциско.

Автомобилите поминувале меѓу конусите што ја означувале затворената лента. Системот во дел од случаите несоодветно давал предност на избегнување други опасности или не ја препознавал работната зона.

Во јуни компанијата одлучила да спроведе софтверска поправка за подобро препознавање и избегнување на ваквите зони. На 29 јули најавила постепено враќање на автопатските маршрути.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖