Меколи Калкин повторно го глуми Кевин Мекалистер, момчето што го прослави божиќниот класик Home Alone. Актерот по 34 години се врати во улогата што последен пат ја играше во филмот Home Alone 2: Lost in New York од 1992 година. Но, не станува збор за ново продолжение на филмот, туку за божиќна реклама на Мекдоналдс, во која се појавува возрасниот Кевин и низа сцени што потсетуваат на оригиналниот филм.
Во новата реклама Кевин Мекалистер повторно се наоѓа во добро познатата ситуација. Останува сам, но овојпат не во семејната куќа, туку во ресторан на McDonald’s, кој останал празен поради снежна бура.
– Сите повторно исчезнаа – вели Кевин, по што почнува да ужива во слободата. Се преправа дека прима нарачки од муштериите, подготвува храна и се забавува зад шанкот и во кујната.
Рекламата е дел од новата празнична кампања на McDonald’s, која ја придружува специјалната понуда Home Alone Meal. Таа ќе биде достапна во избрани ресторани во САД од 1 декември, а во неа има производи инспирирани од омилените сцени на Кевин од филмот.
Меѓу нив се помфрит со вкус на пица, инспириран од пицеријата Little Nero’s, специјален сос за потопување и десерт McFlurry со чоколаден прелив, парчиња Oreo и M&M’s. Со оброкот ќе се добиваат и колекционерски чорапи со мотиви од филмот и ликовите на McDonald’s.
– Она што ми се допаѓа кај оваа соработка е што таа претставува нешто многу поголемо од еден лик. Станува збор за разиграноста што поврзува различни генерации – порача Калкин.
Тој додаде дека му е особено драго што сега може повторно да ги доживее овие моменти и со своите деца. Продукцискиот тим му дозволил некои сцени да ги одигра според сценариото, а потоа и да импровизира. Дел од неговите идеи завршиле во конечната верзија на рекламата.
Враќањето на Калкин во улогата на Кевин повторно го разбуди интересот за евентуално продолжение на Home Alone.
Актерот претходно откри дека има идеја за нов филм во кој Кевин би бил возрасен маж и татко. Поради работните обврски би го запоставувал својот син, кој потоа би го оставил надвор од куќата и би му поставил стапици, токму како што Кевин некогаш им правеше на провалниците.
Калкин изјави дека би размислил за враќање во улогата доколку приказната биде доволно добра.
Во јули годинава се појавија и информации дека разговарал со Disney за можно продолжение. Сепак, нов филм засега не е официјално потврден.
Оригиналниот Home Alone премиерно беше прикажан во 1990 година и стана еден од најпознатите божиќни филмови на сите времиња. Калкин се врати како Кевин две години подоцна, во продолжението Home Alone 2: Lost in New York.
Tagged as:
Меколи Калкин се врати во култната улога овојпат во божиќна реклама на Мекдоналдс
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
