Критичен безбедносен пропуст во програмскиот јазик Јава ги крена на нозе властите во Јужна Кореја. Над 71% од државните информациски системи во земјата ја користат оваа технологија.
САД и Нов Зеланд издадоа предупредувања за заканата што може да ги погоди компјутерските системи ширум светот. Ранливоста во одредени услови им овозможува на хакерите да извршуваат злонамерен код без лозинка.
Во Јужна Кореја, посебно внимание е насочено кон финансиските услуги, телекомуникациите, одбранбената индустрија и државната администрација.
На кризниот состанок било договорено институциите да разменуваат информации за заканите и за спроведените заштитни мерки. Сеул нареди итна проверка на системите.
Проблемот, меѓутоа, не е ограничен на Јужна Кореја, САД и Нов Зеланд Ранливите верзии на Јава се користат во сервери и корпоративни апликации ширум светот.
Откриената ранливост го доби името „Јава4Шел“ (Java4Shell), а е заведена под ознаката CVE-2026-114938.
Според анализата на компанијата „Квалис“, слабоста се наоѓа во механизмот за декодирање податоци во програмската околина ОпенЈДК.
Во одредени услови, напаѓачите можат преку интернет да испратат специјално обликувани податоци и да предизвикаат нарушување на компјутерската меморија.
Таквиот напад може да овозможи извршување злонамерен код без претходна најава во системот.Тоа значи дека хакерот не мора да поседува корисничко име или лозинка за да нападне ранлива апликација.
Истражувачите од компанијата „Калиф“ ја оценија ранливоста со 9,2 од максимални 10 поени според меѓународната скала ЦВСС 4.0.
Експертите демонстрирале можност за напад врз популарни корпоративни платформи како Џира, Џенкинс, Конфлуенс и Киклок. Овие системи се користат за управување со проекти, развој на софтвер, соработка и проверка на корисничкиот идентитет.
Нападот, сепак, не е можен врз секој компјутер што користи Јава. Потребни се ранлива верзија на софтверот, одреден тип процесор и апликација што обработува податоци преку погодениот механизам.
Проблемот ги опфаќа одредените изданија на Јава 17, 21, 25 и 27, како и специфична верзија на Јава 8.
Особено изложени можат да бидат серверите со процесори на Интел и АМД што поддржуваат одредени инструкции за забрзана обработка на податоци.
Американската Агенција за сајбер-безбедност и безбедност на инфраструктурата (ЦИСА) ги повика организациите итно да ги ажурираат погодените системи.
Предупредувања и насоки за заштита објавија и надлежните институции во Нов Зеланд и Канада.
Корпорацијата „Оракл“, која ја развива платформата Јава, на 17 ноември објави безбедносни ажурирања за отстранување на опасните слабости.
Ажурирањата опфаќаат 11 безбедносни пропусти, меѓу кои и критичната ранливост што ја предизвика меѓународната тревога.
Експертите предупредуваат дека обичното ажурирање на оперативниот систем не мора да биде доволно Дел од корпоративните апликации користат сопствени инсталации на Јава, кои мора посебно да се ажурираат.
Особено внимание се препорачува за серверите што обработуваат најави, пристапни токени и датотеки испратени од корисниците.
За организациите што не можат веднаш да ги инсталираат закрпите, експертите предложија привремени технички мерки за ограничување на опасноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
